Close Menu
Press24
    Најново

    Семејство македонски иселеници во Италија се загинатите во сообраќајката во Словенија

    28.08.2026 во 11:50

    Се молиме, по потекло се од тука, живеат во Равена – Центар Жупа во црно по сообраќајката во Словенија

    28.08.2026 во 14:11

    Во септември растат пензиите: Колку пари ќе добијат македонските пензионери

    28.08.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Со нас платите секој месец растат по 375 денари
    • СДСМ: Вучиќ води хибридна војна на Балканот а власта му помага
    • Трамп: Историски договор – САД ја контролира нафтата во Венецуела
    • Кочовска: Јавните пари мора да се чуваат и да се трошат ефикасно
    • Тешка несреќа во Велес: Воз удрил во автомобил
    • Растат пензиите – од понеделник ќе се знае колку
    • ЛДП: Владата да се огради од величењето на Ратко Младиќ
    • Денеска се слави Јоаким Осоговски – чуда се случуваат од неговите мошти
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Со нас платите секој месец растат по 375 денари

    ВМРО-ДПМНЕ: Со нас платите секој месец растат по 375 денари

    29.08.2026 во 11:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ тврди дека платите и пензиите во периодот на актуелната Влада растат со значително побрзо темпо отколку во времето на претходната власт на СДСМ и ДУИ, оценувајќи дека тоа е резултат на економските политики што ги спроведува Владата.

    Од владејачката партија посочуваат дека во јуни 2017 година просечната плата изнесувала околу 22.800 денари, а во мај 2024 година достигнала 41.250 денари. Според нивната пресметка, тоа е раст од повеќе од 18.400 денари за период од седум години.

    Во споредба со тоа, ВМРО-ДПМНЕ наведува дека во јули 2024 година просечната плата изнесувала околу 40.900 денари, додека во мај 2026 година надминала 49.500 денари, што е зголемување од околу 8.600 денари за неполни две години.

    „Ова покажува дека во периодот на оваа Влада, наспроти критиките на опозициската СДСМ, платите растат со значително поголема динамика“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

    Од партијата слична споредба прават и кај пензиите. Според нивните податоци, просечната старосна пензија во јуни 2017 година била под 15.300 денари, а во мај 2024 година достигнала над 22.900 денари.

    Во јули 2024 година просечната старосна пензија изнесувала околу 22.850 денари, а во мај годинава надминала 29.700 денари, што, според ВМРО-ДПМНЕ, претставува раст од повеќе од 6.800 денари за 23 месеци.

    Од владејачката партија оценуваат дека овие бројки покажуваат оти приходите на граѓаните растат со побрзо темпо отколку во претходниот период и дека ефектите од економските политики веќе се чувствуваат во семејните буџети.

    ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува претходната власт дека не направила доволно за подобрување на животниот стандард и најавува продолжување на политиките за раст на платите и пензиите, привлекување инвестиции, отворање нови работни места и зајакнување на конкурентноста на економијата.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Вучиќ води хибридна војна на Балканот а власта му помага

    29.08.2026 во 11:25

    ЛДП: Владата да се огради од величењето на Ратко Младиќ

    29.08.2026 во 10:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.