Сообраќајна незгода се случила утрово околу 8 часот на железничкиот премин во населбата Превалец во Велес, каде воз удрил во патнички автомобил „ауди“.
Според првичните неофицијални информации, автомобилот бил со велешки регистарски таблички, а во него се наоѓало едно лице, жител на велешкото село Бањица.
Засега нема официјални информации за здравствената состојба на возачот, ниту за причините и околностите под кои дошло до судирот. Надлежните служби треба да извршат увид и да утврдат како се случила несреќата.
Железничкиот премин во Превалец и претходно бил место на сериозни сообраќајни незгоди.
Од МВР се уште нема потврда за овој случај

