Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Божиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на горива продолжува
    • Трамп: Ѝ дадовме многу на Украина, тие нам ништо не ни дадоа
    • Ученик нападнат на голем одмор, еден од напаѓачите извадил пиштол
    • Проверете си ги сметките: Во тек е исплатата на родителски додаток за дете
    • Поевтин дизел за два денари до 2 ноември – Министерството за енергетика ја поздрави одлуката на ОКТА
    • Ништо од свадбата на Игор Којиќ и бремената Николина: Кеба откри се
    • Вучиќ за ескалацијата во ЕУ: Кога се случи насилството во Париз, ја изведоа војската, а јас немав ниту еден воден топ
    • Димитриеска-Кочоска: Поевтин дизел и пониски акцизи до 2 ноември
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Денеска се слави Јоаким Осоговски – чуда се случуваат од неговите мошти

    Денеска се слави Јоаким Осоговски – чуда се случуваат од неговите мошти

    29.08.2026 во 10:26Updated:29.08.2026 во 10:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска православните верници го слават Преподобен Јоаким Осоговски.

    Како што вели архимандрит Фотиј, манастирот во негова чест во кривопаланчеко е еден од великите древни симболи на македонската земја. 

    Светиот Јоаким се подвизуваше во втората половина на 11 век на Осоговските Планини, на местото наречено Сарандопор во една пештера. На тоа место подоцна подигна црква еден друг подвижник, Теодор од Овче Поле, на кого свети Јоаким му се јави во сон. Од моштите на преподобниот Јоаким потоа низ вековите се случуваа многубројни чуда.

    – Светиот Јоаким Осоговски чудотворец, наш македонски симбол. Тој е наш идентитет со кого се поистоветуваме во верата. Тој е наша историја со која се гордееме. Се гордееме и со неговото вечно место кое го здобил во прегратката Божја. Се гордееме со неговото гробно место, кое со векови ја докажува Божјата милост и помош кон верниот народ. Ова гробно место е место на духовно преобразување на нашите срца, на нашите мисли. Тука, наместо да бидеме тажни поради неговата смрт, ние сме всушност, весели поради неговиот вечен живот, затоа што на ова негово место каде што е погребана неговата телесност, ние ја поимаме Божјата чудотворна сила, која се пројавува за верниците кои притекнуваат кон великиот светител барајќи заштита во нивните животи. На неговото гробно место е изграден велелепен храм Божји, каде што се служи света Литургија во која сите заедно учествуваме во славата Божја. Во Господ никој не е мртов, всушност, смртта е почеток кон вечноста, пишува архимандрит Фотиј. 

    Манастирот Свети Јоаким Осоговски е украс на Македонската Црква. Тој е сведок на минатото, на времето кое го докажува нашиот потенцијал во верата. Тој живеел пустиножително, но сепак, по Божјата Волја, бил откриен и од луѓето поради потребата за нивното спасение.

    Во народот постои легенда, дека светите велики подвижници: свети Јоаким Осоговски, свети Гаврил Лесновски, свети Јован Рилски и свети Прохор Пчински, се соподвижници и браќа. Тоа воопшто не е потврдено во науката на историјата. Но сепак, тие заедно се духовни браќа, верувајќи во Едниот Бог, осветувајќи се во Богочовекот Исус Христос, продуховени и осветени преку Светиот Дух. Тие заедно се сега во Царството Божјо, во прегратката Божја, та навистина се едно во Господа.

    Прочитај повеќе

    Божиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на горива продолжува

    20.10.2026 во 17:45

    Ученик нападнат на голем одмор, еден од напаѓачите извадил пиштол

    20.10.2026 во 17:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.