Close Menu
Press24
    Најново

    Семејство македонски иселеници во Италија се загинатите во сообраќајката во Словенија

    28.08.2026 во 11:50

    Се молиме, по потекло се од тука, живеат во Равена – Центар Жупа во црно по сообраќајката во Словенија

    28.08.2026 во 14:11

    Во септември растат пензиите: Колку пари ќе добијат македонските пензионери

    28.08.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски: Дипломатските односи со Израел се еден од нашите приоритети
    • Германија гради 99 дата центри
    • Поранешен советник на Заев вмешан во афера во Косово за соработка со српски тајни служби
    • УХМР: Попладне доаѓа невреме
    • ВИДЕО: Од Аудито не остана ништо – словенечката полиција објави детали за сообраќајката
    • Трамп се прогласи за најголемиот Претседател во американската историја
    • Семејна драма во Македонска Каменица: Ја тепала свекрвата па со нож го погодила свекорот
    • Трагедија во Охрид: Паднал од бандера и починал
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски: Дипломатските односи со Израел се еден од нашите приоритети

    Муцунски: Дипломатските односи со Израел се еден од нашите приоритети

    29.08.2026 во 10:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија има потенцијал да стане важна влезна точка кон Европа за израелските туристи, компании и инвеститори, оценил министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за израелскиот весник „The Jerusalem Post“, дадено за време на неговата прва посета на Израел како министер.

    Муцунски открил дека една од темите за кои се разговарало е воспоставување директна авиолинија меѓу Израел и Македонија.

    „Една од првите теми за кои разговаравме беше можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Тел Авив и Скопје или Тел Авив и Охрид, кој е нашиот главен туристички центар и град за кој верувам дека секој Израелец би сакал да го посети“, изјавил Муцунски.

    Според него, директното авионско поврзување би можело да ја зголеми туристичката размена, но и да ги олесни деловните контакти и економската соработка меѓу двете земји.

    Муцунски потенцирал дека амбициите не се ограничуваат само на туризмот. Стратешката положба на земјава на Коридорите VIII и X, како и инвестициите во енергетската поврзаност, според него создаваат услови Северна Македонија да биде основа од која израелските компании полесно би настапувале на европскиот пазар.

    „Сакаме да бидеме порта кон Европа не само за израелските туристи, туку и за израелските компании. Можеме да бидеме и влезна точка за израелските инвеститори кон европски пазар чиј потенцијал сè уште не е целосно искористен од израелската бизнис-заедница, но и пазар за извоз“, изјавил министерот.

    Како области со потенцијал за продлабочување на соработката ги посочил земјоделството, управувањето со водите, безбедноста, иновациите, здравството, образованието, туризмот, инвестициите и одбранбената индустрија.

    Муцунски нагласил дека Владата има намера добрите политички односи со Израел да ги преточи во поконкретна економска и институционална соработка.

    „Од формирањето на Владата, билатералните односи со Израел ги поставивме како еден од приоритетите на нашата надворешна политика“, истакнал тој.

    Во интервјуто била посочена и засилената динамика на контакти меѓу двете земји, меѓу кои и посетата на парламентарна делегација предводена од пратеничката Рашела Мизрахи, која во јануари имала средби со претседателот на Кнесетот, Амир Охана, и со други израелски претставници.

    Муцунски оценил дека неговата посета на Израел треба да придонесе за дополнително зајакнување на економските врски, туристичката размена и инвестициите меѓу двете земји.

    Прочитај повеќе

    УХМР: Попладне доаѓа невреме

    29.08.2026 во 09:51

    ВИДЕО: Од Аудито не остана ништо – словенечката полиција објави детали за сообраќајката

    28.08.2026 во 15:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.