Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата паѓа трет ден по ред

    26.08.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Последната желба на Ратко Младиќ го крши срцето
    • Драма на Халкидики: Тешко повредена туристка, едно лице уапсено
    • Германец фатен со марихуана на Табановце
    • Започнаа контролите за поевтин училишен прибор: Казни до 10.000 евра и 15 дена клуч на врата за прекршителите
    • Кој беше Ратко Младиќ
    • Сe огласи семејството на Ратко Младиќ
    • Школскиот прибор ќе биде поевтин за 15% за да им биде полесно на родителите
    • Почина Ратко Младиќ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Последната желба на Ратко Младиќ го крши срцето

    Последната желба на Ратко Младиќ го крши срцето

    27.08.2026 во 15:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ратко Младиќ, кој почина по долг престој во притвор и затворска болница во Хаг, претходно зборуваше за тоа каде сака да биде погребан. Според неговиот син, Дарко Младиќ, неговата желба била да почива покрај неговата ќерка Ана.

    Дарко Младиќ за оваа желба зборуваше додека неговиот татко беше во притвор на Хашкиот трибунал.

    „Тој не сака да зборува со нас за тоа. Секогаш се обидува да биде позитивен. Но, кога Ана беше убиена, тој веднаш рече: „Ќе бидам покрај неа““, изјави тогаш Дарко Младиќ.

    Ана Младиќ почина на 24 март 1994 година, на 23-годишна возраст. Смртта остави длабок траг врз семејството, а Дарко Младиќ претходно сведочеше дека тогаш Ратко Младиќ за првпат јасно кажал дека сака еден ден да биде погребан покрај неа.

    Синот во повеќе наврати зборуваше за влошеното здравје на својот татко и за барањата на семејството да му биде дозволено лекување надвор од притворската единица во Шевенинген.

    „Се случувало да се исклучи и да не го следи судењето поради последиците од мозочните удари. Тој пишувал одговори на хартија за својот адвокат со полупарализирана рака. Имал тешкотии со станувањето, имал проблеми со јадењето и се бричел со левата рака“, претходно изјави Дарко Младиќ.

    Семејството и одбраната постојано бараа од Хашкиот трибунал да дозволи лекување во Србија, но тие барања беа одбивани. По смртта на Ратко Младиќ, неговиот син потврди дека неговото последно почивалиште ќе биде до неговата ќерка Ана.

    Прочитај повеќе

    Драма на Халкидики: Тешко повредена туристка, едно лице уапсено

    27.08.2026 во 15:15

    Кој беше Ратко Младиќ

    27.08.2026 во 14:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.