Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трајно решение за професионалните војници по 45 години – ќе можат да продолжат со работа како цивилни лица
    • НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
    • Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
    • Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1
    • САД ја блокираат испораката на ракети „Патриот“ за Украина: Вашингтон ја одложува дозволата за сојузниците
    • Македонската песна за детската Евровизија ја научиле и дечињата во Малта: Ана и делегацијата пречекани со овации
    • Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток
    • Божиновска и Азески на средба за стратешките приоритети во енергетиката и рударството
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Преговараме со 5-6 компании за изградба на дата-центри

    Мицкоски: Преговараме со 5-6 компании за изградба на дата-центри

    27.08.2026 во 13:441 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата преговара со најмалку пет до шест потенцијални инвеститори за изградба на дата-центри во Македонија, меѓу кои, како што рече, има и голема мултинационална компанија.

    Мицкоски порача дека Владата останува на стратегијата за привлекување инвестиции во дата-центри, оценувајќи дека ваквите проекти не треба однапред да се третираат како закана за квалитетот на животот на граѓаните. Како пример ги посочи глобалните компании NVIDIA, Amazon, SpaceX и OpenAI.

    Според него, дел од плановите се поврзани и со изградба на гасни централи кои би произведувале електрична енергија што потоа би се користела за потребите на дата-центрите.

    Осврнувајќи се на проектот во Пехчево, Мицкоски нагласи дека станува збор за приватна иницијатива и за предлог-нацрт урбанистички план, а не за проект зад кој стои државата.

    „Тука нема ништо државата“, рече премиерот, додавајќи дека доколку Владата во иднина директно учествува, посредува или преземе институционален ризик за изградба на ваков објект, тоа ќе биде направено јавно и транспарентно.

    Мицкоски најави дека Владата нема да отстапи од намерата да привлекува инвестиции во оваа област и дека разговорите со потенцијалните инвеститори ќе продолжат.

    Прочитај повеќе

    Трајно решение за професионалните војници по 45 години – ќе можат да продолжат со работа како цивилни лица

    20.10.2026 во 20:51

    Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1

    20.10.2026 во 19:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.