Close Menu
    Најново

    Монтгомери: Новиот американски пристап кон Балканот веќе се гледа во укинувањето на санкциите

    18.11.2025 во 17:14

    Владата усвои историски План: 11 милиони евра за реконструкција на 14 јавни згради

    18.11.2025 во 16:53

    Сиљановска-Давкова ги отповика амбасадорите во Италија, Австрија и Индија

    18.11.2025 во 16:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Монтгомери: Новиот американски пристап кон Балканот веќе се гледа во укинувањето на санкциите
    • Владата усвои историски План: 11 милиони евра за реконструкција на 14 јавни згради
    • Сиљановска-Давкова ги отповика амбасадорите во Италија, Австрија и Индија
    • Тренчевска: Власта бега од минимална плата од 500 евра, синдикалната кошница се зголеми за 4.500 денари
    • Филков до Тренчевска: Законите ги подготвуваме транспарентно, не се носени „ниту во Дубаи, ниту на јахта“
    • Тренчевска до Филков: Правосудните реформи стагнираат, ЕК нотира „нула напредок“ и политички притисок
    • Пратениците на СДСМ поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани
    • Физичка пресметка во Клиничкиот центар: Се степале скопјанец и жена од Демир Капија, инцидентот продолжил на автобуска постројка
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Семејството на Теодора револтирано што Апелациониот суд во Гостивар ја потврди двегодишната затворска казна за возачот

    Семејството на Теодора револтирано што Апелациониот суд во Гостивар ја потврди двегодишната затворска казна за возачот

    23.09.2025 во 10:17
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Семејството на Теодора Ристовска со писмо до јавноста информираше дека Апелациониот суд во Гостивар ја потврдил пресудата на Основниот суд во Тетово, со која обвинетиот Менсур Пајазити од село Голема Речица е прогласен за виновен и осуден на две години затвор смртта на тогаш 22-годишната девојка во сообраќајна несреќа. Тие се револтирани од оваа пресуда на повисокиот суд.

    -Оваа пресуда е срам за правдата. Животот на Теодора згасна, а казната изгледа како подбив. Наместо вистинска правда, добивме минимализирање на трагедијата која нè скрши. Обвинетиот во жалбата се повикува на интересот на јавноста и на владејачката партија како фактор за „превисоката” казна, но тој интерес е многу природен — затоа што кога млад живот е згаснат, секој е потресен. Ако судството не беше труло и корумпирано, никому немаше да му пречи овој интерес. Наместо правда што ќе донесе мир, добиваме систем кој со својата блага и селективна казна создава уште поголема недоверба и омраза, велат Ристовски во писмото до јавноста.

    Семејството вели дека и покрај тоа што понатамошниот правен пат до Врховниот суд зависи од Јавното обвинителство, тие нема да молчат и ќе продолжат да бараат одговорност и преку јавноста да истакнуваат оваа неправда не смее да остане без последици.

    -Ние не бараме привилегии. Бараме човечност и фер однос — она што му припаѓа на секој граѓанин. Кога казната е непропорционална со загубата, виновен станува не само сторителот, туку и самиот систем.  Го гледаме осудениот како слободно се движи, дури повторно седнува зад воланот, без видливо чувство на вина. За нас, тоа е брутална навреда за сеќавањето на Теодора и за секој кој знае што значи да изгубиш дете, сестра или најблиска личност. Трагедијата на Теодора ќе остане наша вечна болка. Но срамот на оваа пресуда му припаѓа на правосудниот систем. Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва. Правдата мора да биде видлива, опиплива и вистинска. Животот на Теодора не е бројка во досие- тоа е нашата вечна рана. И нема да престанеме да бараме правда, за да покажеме дека жртвите не се оставени сами, пишуваат од семејството на Теодора Ристовска.

    На 7 април 2025 година на повтореното судење за смртта на Теодора Ристовска во сообраќајна несреќа,  обвинетиот Менсур Пајазити ја призна вината и по изведување на докази и завршни зборови, беше осуден на казна затвор од две години.

    Виновен е затоа што на 15.08.2022 година во Тетово, како учесник во сообраќајот не се придржувал до прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај. Управувал возило „БМВ“ и се движел по булевар, со брзина од 59 километри на час, која брзина не е прилагодена на условите на патот за да може навремено да го запре возилото, при што не му отстапил првенство на минување на пешакот сега покојната Теодора Ристовска која поминувала на обележан пешачки премин, гласи пресудата од април.

    По сообраќајната несреќа во август 2022 година, на првото судење во ноември 2023 по признавање на вина Пајазити беше осуден на три години и шест месеци затвор. По жалба, Апелацискиот суд ја намалил казната на две години затвор, па Врховниот суд ги укинал двете пресуди на Основниот и Апелацискиот суд и предметот го врати на повторно судење. 

    Популарно

    Скопје: 23-годишник три месеци принудувал дете на полови дејствија – се заканувал да не кажува дома

    18.11.2025 во 09:43

    Добри вести за пензионерите: Познато колку ќе се зголемат пензиите

    18.11.2025 во 11:43

    Употребил фалсификувана диплома: Кривична пријава за кумановец вработен во јавно претпријатие

    18.11.2025 во 14:01

    МОН ги објави резултатите од ученички стипендии

    18.11.2025 во 09:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.