Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата паѓа трет ден по ред

    26.08.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Со изградбата на интерконекторите со Грција и Србија, државата добива целосна вертикална енергетска поврзаност 
    • Скопје: Мајка ми ни се закануваше мене, на жена ми и на децата
    • ЈСП: Од први септември започнува да важи зимскиот возен ред во јавниот превоз
    • Повеќе од 50 возачи вратени од шенгенските граници за една недела: Транспортерите најавуваат блокади
    • Сахарска прашина над Македонија викендов ќе направи да ни биде уште потопли
    • Лефков: Поранешен пратеник на СДСМ иницираше изградба на дата-центар во Пехчево
    • Клековски: Мртвиот гавран во паркот кај општината во Ресен бил заразен
    • Три банки ги исплатија пензиите пред утрешниот празник
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Со изградбата на интерконекторите со Грција и Србија, државата добива целосна вертикална енергетска поврзаност 

    Мицкоски: Со изградбата на интерконекторите со Грција и Србија, државата добива целосна вертикална енергетска поврзаност 

    27.08.2026 во 13:414 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp
    Мицкоски: Со изградбата на интерконекторите со Грција и Србија, државата добива целосна вертикална енергетска поврзаност 
    Сите технички параметри за проектот веќе се кажани, и инвестициска вредност и дијаметар на цевка и како ќе проаѓа таа цевка, низ кои делови од Македонија ќе проаѓа таа цевка, јас би сакал три работи да кажам кои што се мислам значајни за овој проект од стратешко значење. 

    Првото е што по завршувањето на овој проект и комплетирањето на интерконекторот, односно цевководот што ќе не поврзе со нашиот јужен сосед, со Грција, очекувам дека би требало тој проект да се заврши некаде првата половина на следната година, иако втората половина, еве крајот на 2028-та се заврши овој интерконектор со нашиот северен сосед, ќе добиеме целосно вертикална поврзаност којашто е дел од коридорот 10 и геостратешката позиција на државата станува драматично позначајна откако овие проекти ќе бидат реализирани, споредно со тоа што беше во минатото. Да бидам попрецизен, споредено со тоа што сме денес. 

    Ние сме држава којашто не излегува на море и со вакви проекти, кога се поврзуваме со пристаништа, во случајов како што е терминалот Александрополи, кога се поврзувавме со солунското пристаниште, со продуктоводот и нашата рафинерија „ОКТА“, кога градиме интерконектори во делот на снабдувањето со електрична енергија и поврзување со нашите соседи, ние на тој начин ја подобруваме и нашата геостратешка положба како држава. 

    Така што, овие проекти имаат огромно регионално, па и би рекол пошироко геостратешко значење, и јас низ таа оптика го гледам и овој проект, оваа цевка којашто треба да ја поврзе Македонија со Србија. Исто како што цевката треба да ја поврзе Македонија со Грција. Посебно што е двонасочен овој цевковод, и сето тоа му додава вредност на самиот проект. 

    Второ што за мене е многу значајно, а го кажав и вчера на еден друг стратешки проект, а тоа е автопатот Блаце-Скопје, е што македонска компанија ќе ги изведува работите, и тоа е многу важно за македонската економија. Така беше и вчера, така е и денес и тоа е наш приоритет како Влада, македонски компании да изведуваат вакви стратешки проекти, се разбира во рамките на капацитетот којшто ние го имаме како држава и како градежна оператива.       

    Сигурен сум дека со искуството кое што го има компанијата изведувач ќе го искористи максимално во реализацијата на овој проект и ќе ги почитува роковите кои што се зададени во самиот договор.

    И трето кое што мислам дека е исто така значајно да се каже е фактот дека ова е уште една инвестиција кон реализирање на нашата стратешка цел како Влада, а тоа е да бидеме раскрсница на два паневропски коридори, коридорот 8 и 10, која што раскрсница ќе се темели на три столба, а тоа е инфраструктурно поврзување во рамките на патната инфраструктура. односно автопатите и експресните патишта.

    Сакам да им се заблагодарам на Недим и на сите членови во раководството на НОМАГАС, на вработените кои што би рекол еве работеа макотрпно за овој проект да стане реалност. Ќе биде исто добро и онаа отсечка за која што зборувавме до другиот наш северен сосед до Косово, ако можеме да ја направиме. Јас вчера зборував и со премиерот на Косово дека и покрај тоа што они имаат доволно количини на јаглен, но имајќи предвид новите регулативи во рамките на Европската Унија итн., оваа физибилити студија можеби ќе ни даде одговор за потребите, па можеби во иднина, иако они сега велат дека не им треба ваква врска, мислам дека треба да се оствари можност за во иднина и тоа да се сработи. 

    Така што, да се заблагодарам и на колегите од Владата, се разбира без нивната поддршка овие проекти не можат да станат реалност. На медиумите што не следат цело време.

    Ние ќе продолжиме да ја реализираме програмата на Владата, ова се приоритетите во рамките на таа програма. 

    Честитам уште еднаш и посакувам проектот да се реализира во рамките на тоа што е договорено.
    Прочитај повеќе

    Скопје: Мајка ми ни се закануваше мене, на жена ми и на децата

    27.08.2026 во 13:38

    ЈСП: Од први септември започнува да важи зимскиот возен ред во јавниот превоз

    27.08.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.