Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата паѓа трет ден по ред

    26.08.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Мицкоски и Клековски ја кријат вистината за водата во Гостивар, нема извештај ниту по 6 недели
    • Ново предупредување во Романија: Жителите на Тулча добија аларм за можен пад на дронови
    • Внимавајте ако патувате во Србија: Поставени се 30 нови камери за брзина, појас и телефон
    • Дневен хороскоп: Месечината во Девица носи јасност, Вагите да се одморат, за Стрелците шанса во кариерата
    • Во Грција регистрирани 232 случаи со западнонилска треска: Починаа 19 лица, Атика е најпогодена
    • Герасимовски и општинските служби излегуваат на терен: Општина Центар започнува есенска акција во сите маала
    • Гужви на Богородица: Колони автомобили чекаат за излез кон Грција
    • УКИМ денеска ќе ги објави конечните ранг-листи од првиот уписен рок
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски и Клековски ја кријат вистината за водата во Гостивар, нема извештај ниту по 6 недели

    СДСМ: Мицкоски и Клековски ја кријат вистината за водата во Гостивар, нема извештај ниту по 6 недели

    27.08.2026 во 10:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Шест недели по труењето на цел еден град, со над 5.000 луѓе кои завршија по болници и се уште нема документ за водата во Гостивар. Зошто граѓаните не можат да видат резултати, анализи, извештај? Ако нема што да се крие зошто не се објавува, се вели во соопштението од СДСМ. 

    „Министерот за здравство Сашко Клековски најави дека на 20 август ќе биде објавен епидемиолошки извештај.

    Каде е целосниот извештај?

    Зошто се објавуваат само парчиња од документацијата, а не целата анализа?

    Во текот на кризата граѓаните добиваа различни и противречни информации.

    Прво водата беше прогласена небезбедна за пиење. Потоа беше прогласена дека може да се корсти само за техничка употреба. 

    Тошковски спроведуваше хиперхлорирање. Потоа кажаа дека има бактерии во водата. Тотален хаос. Па Мицкоски и Клековски заминаа на екскурзија.

    Пред да им заврши екскурзијата функционери пиеја вода пред камери со срамни здравици и рекоа дека може да се пие водата. 

    Но, не се објавија целосните резултати од анализите на водата. 

    Каде е целосниот извештај за водата во Гостивар?

    Кој донел одлука водата повторно да биде пуштена за пиење и врз основа на кои резултати?

    Кој со име, презиме и потпис гарантира дека водата е безбедна?

    Дали на овој начин некој сака да побегне од одговорноста?

    Мицкоски и Клековски имаат обврска кон граѓаните на Гостивар да ја објават целата  вистина.

    Целиот извештај, сите анализи и сите потписи“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче зборува за ЕУ, а истовремено се повикува на системот кој СДС и ДУИ го уништија додека беа на власт

    27.08.2026 во 09:25

    ВМРО-ДПМНЕ: Владата ги намалува цените на училишниот прибор, трговците на мало задолжени за најмалку 15% пониски цени

    27.08.2026 во 09:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.