Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата паѓа трет ден по ред

    26.08.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УКИМ денеска ќе ги објави конечните ранг-листи од првиот уписен рок
    • Две скопски општини денеска ќе останат без струја
    • Интензивирано миење на улиците и контејнерските места во Скопје, средени локациите кај Матка и во Центар
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче зборува за ЕУ, а истовремено се повикува на системот кој СДС и ДУИ го уништија додека беа на власт
    • ВМРО-ДПМНЕ: Владата ги намалува цените на училишниот прибор, трговците на мало задолжени за најмалку 15% пониски цени
    • Избувнаа 31 пожар – во Студеничани, Гостивар, Чашка и Струга се уште гори
    • Времето денеска сончево и многу топло
    • Од 1 септември промени во правилата за паркинг на аеродромот во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » УКИМ денеска ќе ги објави конечните ранг-листи од првиот уписен рок

    УКИМ денеска ќе ги објави конечните ранг-листи од првиот уписен рок

    27.08.2026 во 09:412 Mins Read
    Принтскрин, видео, Youtube
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска ќе ги објават конечните ранг-листи за примени студенти во првата година за академската 2026/2027 година, по одржаниот прв уписен рок на 18 и 19 август.

    Ofицијалното запишување на примените кандидати ќе се спроведе на 3 и 4 септември.

    Со конкурсот на најголемиот и најстар универзитет во државата, на 23-те факултети беа понудени вкупно 8.851 слободно место за идните бруцоши. Новата академија ќе започне на 1 октомври.

    Од вкупниот број слободни места, 4.395 се наменети за редовни студенти во државна квота финансирани од буџетот, 3.621 за редовни студенти со кофинансирање на студиите и 835 за вонредни студенти.

    Како и изминатите години, најголем капацитет за запишување кандидати на повеќе студиски програми понудија:

    • Медицински факултет – 950 места
    • Филолошки факултет – 805 места
    • ФИНКИ – 800 места
    • Економски факултет – 655 места
    • Филозофски факултет – 635 места
    • Природно-математички факултет (ПМФ) – 626 места
    • ФЕИТ и Машински факултет – по 600 места
    • Правен факултет – 555 места

    За кандидатите кои нема да се запишат во првиот рок или сакаат да се пријават дополнително, вториот уписен рок ќе се одржи на 10 и 11 септември, додека третиот рок е предвиден за 23 септември на факултетите каде што ќе останат слободни места.

    Пред поднесувањето документи во службените простории, секој кандидат треба да изврши електронска регистрација на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни пријавата во iKnow-системот. Добиениот автоматски број од системот задолжително се внесува во хартиената пријава што се поднесува до службата за студентски прашања на избраниот факултет.

    Прочитај повеќе

    Две скопски општини денеска ќе останат без струја

    27.08.2026 во 09:39

    Интензивирано миење на улиците и контејнерските места во Скопје, средени локациите кај Матка и во Центар

    27.08.2026 во 09:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.