Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата паѓа трет ден по ред

    26.08.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче зборува за ЕУ, а истовремено се повикува на системот кој СДС и ДУИ го уништија додека беа на власт
    • ВМРО-ДПМНЕ: Владата ги намалува цените на училишниот прибор, трговците на мало задолжени за најмалку 15% пониски цени
    • Избувнаа 31 пожар – во Студеничани, Гостивар, Чашка и Струга се уште гори
    • Времето денеска сончево и многу топло
    • Од 1 септември промени во правилата за паркинг на аеродромот во Скопје
    • Нафтата поевтинува, растат надежите за Ормускиот Теснец
    • Постојано се вљубуваат во погрешни – три хороскопски знаци не учат од лошите искуства
    • Три часа 23 луѓе виселе заглавени на рингишпил во Хамбург
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче зборува за ЕУ, а истовремено се повикува на системот кој СДС и ДУИ го уништија додека беа на власт

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче зборува за ЕУ, а истовремено се повикува на системот кој СДС и ДУИ го уништија додека беа на власт

    27.08.2026 во 09:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Венко Филипче сега се фали со одлуката на Ислам Абази да не поведе обвинение против него за 19 модуларни болници, меѓу кои и модуларната болница во Тетово, каде во пожар животот го изгубија 14 лица. Кога требаше да одговара пред законот за модуларните болници, кои беа поставени без да се почитува Законот за градење и без почитување на стручната јавност, токму тој систем, кој СДС и ДУИ го обликуваа да им слугува на нивните интереси, го спаси Филипче од одговорност, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Филипче зборува за ЕУ, владеење на право и европски вредности, а истовремено се повикува на системот кој СДС и ДУИ го уништија додека беа на власт. СДС и ДУИ го доведоа правосудството до ниво на доверба под 2%, а Ислам Абази, поставен во нивно време, донесе одлука која го ослободи Филипче.

    Тој систем, кој е нефункционален и од кој дел е и Ислам Абази, Филипче сега го користи како аргумент, еден ден зборува за европска Македонија и владеење на правото, а следниот ден се радува на одлука на обвинителство кое не покрева обвинение против него.

    ЕУ бара независно правосудство, но наместо тоа, Филипче ја слави одлуката на обвинител поставен во систем чија кредибилност самиот тој придонел да ја урне. Тие 2% доверба во правосудството, наместо да бидат аларм, за него изгледа се  „доказ“ дека е чист. За Филипче европска Македонија значи обвинителство кое дејствува согласно неговите интереси.

    Овој тип на одлуки и штетат на државата при евроинтегративниот процес и на напредокот во владеење на правото“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Владата ги намалува цените на училишниот прибор, трговците на мало задолжени за најмалку 15% пониски цени

    27.08.2026 во 09:15

    Петрушевски: Македонија не смее да ја пропушти новата индустриска револуција, дата-центрите се инфраструктура на иднината

    26.08.2026 во 15:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.