Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Топлотниот бран не попушта – горештини не чекаат и во септември

    25.08.2026 во 15:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • По 6 години прв смртен случај од западнонилска треска во Холандија
    • Во САД се помалку дебели луѓе – Оземпик е главната причина
    • Во село Гари отворена спомен соба на копаничарот Петре Филиповски – Гарка                                                   
    • Велес: Ја киднапирал бившата 17 годишна девојка – МВР го фати по кратка потера
    • „Сејф Сити“ ги изгоре странците: Огромна сума пари наплатена за само 6 дена
    • Утврден распоред на летното и зимското сметање на времето за следните пет години
    • Грците горат, не палете ни цигара: Напишале 1,2 милиони евра казни за подметнување пожари
    • Мемов бара нов модел за здравственото осигурување на пензионерите – сега не чинат 220 милиони евра годишно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » По 6 години прв смртен случај од западнонилска треска во Холандија

    По 6 години прв смртен случај од западнонилска треска во Холандија

    26.08.2026 во 21:481 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Холандија го регистрираше првиот смртен случај од западнонилски вирус по шест години. Лице од покраината Утрехт починало во болница по заразување со вирусот, соопшти холандскиот Национален институт за јавно здравје и животна средина – РИВМ.

    Вирусот годинава е детектиран во три холандски покраини – Утрехт, Северен Брабант и Јужна Холандија. Уште двајца заразени пациенти во моментов се на болничко лекување.

    Западнонилскиот вирус минатата недела беше откриен во Холандија првпат од 2020 година, кога инфекцијата беше потврдена кај крводарител од Утрехт кој не патувал во странство. Засега не е познато дали станува збор за истото лице кое подоцна починало.

    Вирусот се пренесува преку заразени комарци и најчесто циркулира меѓу птиците, а може да ги зарази и луѓето и коњите.

    Кај најголемиот дел од заразените нема симптоми. Околу 80 проценти ја минуваат инфекцијата без клинички знаци, кај околу 19 проценти се јавуваат симптоми слични на грип, додека кај приближно еден процент може да се развијат потешки невролошки компликации.

    Случајот во Холандија доаѓа во сезона во која повеќе европски земји бележат зголемена циркулација на западнонилскиот вирус, особено во текот на летните месеци кога активноста на комарците е најголема.

    Прочитај повеќе

    Грците горат, не палете ни цигара: Напишале 1,2 милиони евра казни за подметнување пожари

    26.08.2026 во 20:14

    Антракс во бугарско село: Заразени луѓе, крави и овци

    26.08.2026 во 19:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.