Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Уште неколку дена за пријавување: Жени, направете го првиот чекор кон економска независност

    Уште неколку дена за пријавување: Жени, направете го првиот чекор кон економска независност

    26.08.2026 во 14:554 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во тек е пријавувањето за првата програма во рамки на платформата „Diamond Mall – Центар за економско зајакнување на жените“. Оваа иницијатива, која компанијата ја реализира по повод својот трет роденден, ќе им понуди на избраните учеснички сеопфатна поддршка во стекнувањето нови знаења и практични вештини, преку менторство и психолошка и правна помош, како и конкретни насоки за развој на нивните професионални и претприемачки идеи.

    Иницијативата е наменета пред сè за жени кои сакаат да направат чекор кон поголема економска независност и професионален развој, особено за самохрани мајки, невработени, жени со ниски приходи или без работно искуство, како и од други ранливи категории. Програмата ќе им овозможи знаења и вештини за вработување, развој на сопствена идеја или почнување и унапредување на мал бизнис. За учество, кандидатките треба да поднесат апликација со својата лична приказна, визија за иднината и идејата што сакаат да ја развиваат, со краток опис на секторот и бизнисот и основна буџетска рамка. Тоа може да биде бизнис кој веќе постои, идеја за нов производ или иницијатива што сакаат да ја претворат во извор на приходи.

    Пријавувањето ќе трае до 1 септември, а по неговото завршување, жири составено од претставници на Limak, партнери на компанијата и универзитетски професори ќе ги разгледа апликациите и ќе избере 20 учеснички. Клучни за избор ќе бидат мотивацијата и личната посветеност на кандидатките, нивната економска состојба, како и можноста програмата да помогне за позитивна промена во нивниот и животот на нивните семејства.

    Избраните учеснички ќе бидат дел од повеќенеделна програма за развој на дигитални, финансиски, комуникациски и професионални вештини. Темите ќе опфатат маркетинг, креирање содржина, управување со финансии, тимска работа, преговарање и разрешување конфликти, вештачка интелигенција, како и подготовка за пазарот на трудот, а обуките ќе ги реализираат Јана ТодоровскаиАлександар Чамински од Brainster Group.

    Посебен сегмент ќе биде посветен на занаетчиските и услужните дејности, преку обуката „Од рачна изработка до успешен пласман на пазарот“, во соработка со платформата Esnaf. Учесничките ќе научат како да ги препознаат пазарните можности и потреби, да ги надминат најчестите предизвици и да развијат уникатен производ со јасна вредност за купувачот. Програмата ќе заврши со презентациски ден, на кој жените ќе ги претстават своите идеи и резултати, по што ќе им бидат доделени сертификати.

    Во програмата е вклучена и психолошка поддршка, преку групно советување со психологот Деспина Стојановска. Учесничките ќе работат на градење самодоверба, препознавање на сопствените способности и потенцијал, справување со стрес и животни предизвици, развој на комуникациски вештини и поставување здрави лични граници. Психолошкиот дел е изграден околу пет значајни пораки: „Јас вредам“, „Јас можам“, „Не сум сама“, „Имам избор“ и „Имам иднина“, кои поттикнуваат самопочит, верба во сопствените способности, лична одговорност и мотивација. Правна помош и советување ќе обезбеди адвокатското друштво Поленак, со практични насоки за социјална заштита, старателство и алиментација, заштита од семејно насилство, договори за вработување и работнички права, како и при аплицирање за социјална помош и детски додаток. Ќе биде воспоставена и мрежа на жени менторки, преку која учесничките ќе добиваат редовно менторство за личен и професионален развој и следење на напредокот.

    Како дел од платформата, ќе биде отворен и Diamond HUB – заеднички работен простор во рамки на трговскиот центар, создаден како безбедна средина за учење, работа, развој на идеи и професионално поврзување. Просторот ќе биде опремен со брз Wi-Fi, компјутери и основна канцелариска инфраструктура и ќе овозможи работа на CV-ја и бизнис-планови, онлајн активности, барање работа и професионално поврзување. Diamond HUB ќе биде достапен и за студентки и млади жени од ранливи категории.

    Целокупната иницијатива ќе кулминира со прославата на третиот роденден на Diamond Mall на 21 октомври, кога ќе бидат презентирани клучните резултати од програмата и успешните приказни на учесничките. Сепак, поддршката за нив ќе продолжи и во декември, со Експо на производи и услуги во Diamond Mall, каде што жените кои ќе ја завршат програмата ќе можат пред јавноста да ги претстават и понудат своите производи и услуги, со можност за тестирање на пазарот, промоција и поголема видливост.

    Со платформата, компанијата создава долгорочен простор за учење и нови можности. Сите заинтересирани можат да се пријават преку формуларот на веб-страницата на Diamond HUB (Формулар за пријавување — Diamond Hub) или со подигнување на апликацијата на инфо-пултот во Diamond Mall.

    Прочитај повеќе

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.