Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вељановски: Во Гази Баба се цртаат „хотели“ наместо станови за да се заштедат 23,5 милиони евра комуналии
    • Полициска контрола на плажа во Охрид: Скопска фирма и сопственикот заработија кривична за точење алкохол на малолетници
    • Поповиќ: Бараме итно намалување на ДДВ-то за горивата на 5% и преполовени акцизи
    • Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 6.509 лица
    • Марта Кос најавува нови правила за проширувањето на ЕУ и предупредува на „тројански коњи“
    • Македонија „врие” – Преку 30 степени уште претпладне, пред нас пеколен ден
    • Карпош ги гаси фонтаните како мерка против комарци и Западно-нилска треска
    • Трагедија во Австрија: Пожарникар почина по убод од стршлен
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вељановски: Во Гази Баба се цртаат „хотели“ наместо станови за да се заштедат 23,5 милиони евра комуналии

    Вељановски: Во Гази Баба се цртаат „хотели“ наместо станови за да се заштедат 23,5 милиони евра комуналии

    26.08.2026 во 12:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Советникот во Општина Гази Баба, Александар Вељановски, алармира за потенцијална финансиска штета врз буџетот на Општината и Градот Скопје во износ од 23,5 милиони евра преку нов Детален урбанистички план кај „Ист Гејт“.

    Според Нацрт-ДУП-от ЦС09 Блок, на површина од околу 141.000 метри квадратни се предвидува изградба на објекти со намена Б5 (хотелски комплекси) со околу 3.500 соби.

    Вељановски изрази сомнеж дека на овој начин се овозможува изигравање на законот, бидејќи наместо за станови, комуналиите за хотели се плаќаат со попуст.

    „Ако се градат станови, за оваа површина во буџетот би требало да се слеат околу 25 милиони евра. Но, бидејќи инвеститорот добива маркица за „хотел“ намена Б5, тој законски плаќа само 5% од овој износ. Тоа значи дека наместо 25 милиони, ќе се платат само нешто над 1.2 милиони евра“, изјави тој.

    Советникот упати директни прашања до градоначалникот Боби Стефковски и градските власти:

    „Дали со овој ДУП директно му се овозможува на инвеститорот да заштеди 23.500.000 евра, пари кои треба да завршат во буџетот на Гази Баба и Град Скопје, а објектите потоа повторно да ги продава како апартмани за живеење? Дали со ваквиот план му се прави дополнителна услуга на инвеститорот да заштеди пари преку изградба на помал број паркинг места, согласно стандардите за хотели кои бараат помалку паркинзи отколку оние за станбени згради?“

    Покрај губењето на општинските пари, тој предупреди и на административните пречки со кои би се соочиле купувачите при пријавување на живеалиште.

    „Дали идните купувачи свесно ќе бидат доведени во правна замка? Дали тие луѓе ќе можат воопшто да извадат лична карта во МВР на таа адреса, со оглед на тоа што објектот ќе се води како хотел? Ова не го зборуваме на памет. Дали ќе се повтори истиот случај како со веќе изградениот објект на соседната градежна парцела каде луѓето веќе се вселени и живеат во станови, но не можат да ги пријават како свое место на живеење во МВР?“, изјави Вељановски.

    На крајот, тој истакна дека се работи за пари од граѓаните наменети за инфраструктура и побара одговорност од надлежните институции.

    Прочитај повеќе

    Поповиќ: Бараме итно намалување на ДДВ-то за горивата на 5% и преполовени акцизи

    26.08.2026 во 11:48

    ДУИ: Јавен тендер во „Бардовци“ завршил кај роднина на директорот

    26.08.2026 во 10:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.