Close Menu
Press24
    Најново

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28

    ФОТО: Млада трудница убиена, сопругот се бори за живот – Ги изрешетале во спалната соба, огромна трагедија го потресе регионот

    24.08.2026 во 11:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Поевтинува училишниот прибор
    • Серафимовски: Маката на земјоделецот треба соодветно да се вреднува и да се наплати
    • Возрасна скопјанка пријавила закани од поранешната девојка на нејзиниот син
    • Топлотниот бран не попушта – горештини не чекаат и во септември
    • Вознемирена скопјанка се јавила во полиција: Золвата ме нападна, фрли и тврд предмет кон мене
    • Драма во Радишани: Тригодишно девојче тешко повредено во лифт од станбена зграда
    • За прв пат да се сложам со Претседателот на СДСМ
    • За 10 години имаме 9.000 првачиња помалку – годинава 3.000 помалку од лани
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Топлотниот бран не попушта – горештини не чекаат и во септември

    Топлотниот бран не попушта – горештини не чекаат и во септември

    25.08.2026 во 15:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Летото засега нема намера да попушти. Високите температури ќе продолжат и во последните денови од август, а според долгорочните прогнози, невообичаено топло време нè очекува и на почетокот од септември.

    Во следните денови максималните температури ќе се движат меѓу 36 и 39 степени, а најтопло се очекува околу 28 август, кога прогнозата покажува и до 39 степени. Високи температури ќе има и последниот ден од месецот, со околу 35 степени.

    Без поголемо освежување ќе започне и метеоролошката есен. На 1 септември се прогнозираат околу 37 степени, а во првите денови од месецот дневните температури ќе останат над 30 степени – од 35 степени на 2 септември, до околу 32 степени кон крајот на првата недела.

    Постепено намалување се очекува дури од 6 септември, но и тогаш ќе остане натпросечно топло, со дневни температури околу 28 до 29 степени. Слично време, претежно сончево и топло, според сегашните долгорочни проекции ќе се задржи и во средината на месецот.

    Позначително заладување се наѕира дури во последната недела од септември, кога дневните температури би можеле да се спуштат кон 20 до 25 степени, со поголема можност за облачност и врнежи.

    Тоа значи дека по исклучително жешкиот крај на август, и почетокот на есента ќе помине во знакот на летни температури. Сепак, станува збор за долгорочна прогноза која може да претрпи промени како што се приближуваат датумите.

    Прочитај повеќе

    Поевтинува училишниот прибор

    25.08.2026 во 15:27

    Серафимовски: Маката на земјоделецот треба соодветно да се вреднува и да се наплати

    25.08.2026 во 15:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.