Вчера во 20:20 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода К.В.(56) од Неготино.
Претходно било пријавено дека кај место викано „Горна Чешма“ во атар на село Тимјаник, неготинско, ловочувар од ловечко друштво „Вардар“ од Неготино го затекнал К.В. со ранец во кој имало усмртено диво животно за време на ловостој. Полициски службеници извршиле увид на местото, при што од К.В. биле одземени дивечот, ловечка пушка „Бајкал“, дозвола за поседување оружје и друга документација.
Известен би јавен обвинител и по документирање на настанот против К.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.
- „Мојот син е претепан од наставникот“ – Инцидент во основно училиште во Скопје
- Мицкоски: Ако не правиме повеќе деца први сме на удар
- „Ќерката ме претепа со тврд предмет и ми се закани“ – Скопјанец пријавил во полиција
- МОН повлекува 33 учебници од прво до петто одделение
- Добри вести: Вонредно намалување на цената на дизелот во Македонија
- Радески: Изборите во Брвеница уште еднаш покажа дека СДСМ е единствената вистинска опозиција во Македонија
- Николоски и Лукровски договорија нови проекти за Карпош: Општината добива поддршка од 11 милиони евра
- Со метален предмет го нападнале сопственикот и една вработена во продажен објект – тројца стружани заработија кривична

