Close Menu
Press24
    Најново

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28

    ФОТО: Млада трудница убиена, сопругот се бори за живот – Ги изрешетале во спалната соба, огромна трагедија го потресе регионот

    24.08.2026 во 11:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Да се обединиме против Мицкоски – ни ја продава водата и струјата
    • Поевтинува училишниот прибор
    • Серафимовски: Маката на земјоделецот треба соодветно да се вреднува и да се наплати
    • Возрасна скопјанка пријавила закани од поранешната девојка на нејзиниот син
    • Топлотниот бран не попушта – горештини не чекаат и во септември
    • Вознемирена скопјанка се јавила во полиција: Золвата ме нападна, фрли и тврд предмет кон мене
    • Драма во Радишани: Тригодишно девојче тешко повредено во лифт од станбена зграда
    • За прв пат да се сложам со Претседателот на СДСМ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Присвоил возила, стока и подигнал кеш: Кривична пријава против управител за даночно затајување

    Присвоил возила, стока и подигнал кеш: Кривична пријава против управител за даночно затајување

    25.08.2026 во 13:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Управата за Финансиска полиција соопшти дека кривична пријава за даночно затајување и оштетување на доверители била поднесена против управител и сопственик на правно лице, како и против самото правно лице.

    Според пријавата доставена до ОЈО Скопје, В.Р. во периодот од 2019 до 2020 година, иако бил свесен дека компанијата е неспособна за плаќање и дека ѝ претстои стечај, преземал дејствија со кои, според сомнежите, го намалил имотот од кој доверителите можеле да ги наплатат своите побарувања.

    Од Финансиската полиција наведуваат дека тој присвоил 10 возила во вредност од 69.719.484 денари, скутери вредни 545.000 денари и трговска стока во вредност од 4.457.322 денари. Овие средства не биле соодветно евидентирани и не биле пронајдени од стечајниот управник, поради што не станале дел од стечајната маса.

    Со тоа побарувањата на доверителите во вкупен износ од 12.069.922 денари останале ненамирени. Од оваа сума, 1.179.059 денари се побарувања на Управата за јавни приходи.

    Финансиската полиција дополнително го товари В.Р. дека во периодот од 2011 до 2019 година подигнал 53.872.587 денари во готовина, прикажани како „материјални и патни трошоци“, без да обезбеди документација со која би се оправдала нивната економска основаност.

    Според сомнежите, средствата биле присвоени за лична корист, а притоа не бил пресметан и платен данок на добивка од 5.387.259 денари и данок на личен доход од 5.985.244 денари.

    Со сите наведени дејствија, според Финансиската полиција, преку правниот субјект била остварена противправна имотна корист, а Буџетот на Северна Македонија бил оштетен за вкупно 23.442.425 денари по основа на оштетување на доверителите, данок на добивка и данок на личен доход.

    Прочитај повеќе

    Возрасна скопјанка пријавила закани од поранешната девојка на нејзиниот син

    25.08.2026 во 15:21

    Вознемирена скопјанка се јавила во полиција: Золвата ме нападна, фрли и тврд предмет кон мене

    25.08.2026 во 15:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.