Close Menu
Press24
    Најново

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    28 нови директни авиолинии од македонските аеродроми

    23.08.2026 во 12:05

    УХМР со предупредување на стартот на седмицата: Денот почнува со сонце, па следи пресврт

    24.08.2026 во 07:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лефков: Абази ја спречи правдата за модуларните болници, а Филипче сам си ги пишувал условите за тендерот
    • Инцидент во Охрид: Со дрвен предмет удрал по бокс со кучиња, па физички го нападнал сопственикот
    • (ФОТО) Ѓорѓиевски: Започна голема акција за уредување на пешачката зона долж кејот на Вардар од Лисиче до Влае
    • Филипче: СДСМ е спремен за избори уште утре, но нема да бидеме алиби за Мицкоски
    • Температурите се искачуваат: Измерени речиси 34 степени во 11 часот
    • Драма на аеродромот во Диселдорф: Најотровна скорпија каснала патничка од Грција
    • ФОТО: Млада трудница убиена, сопругот се бори за живот – Ги изрешетале во спалната соба, огромна трагедија го потресе регионот
    • Сопственикот на барот во Кран Монтана каде загинаа 41 лице уапсен за семејно насилство
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лефков: Абази ја спречи правдата за модуларните болници, а Филипче сам си ги пишувал условите за тендерот

    Лефков: Абази ја спречи правдата за модуларните болници, а Филипче сам си ги пишувал условите за тендерот

    24.08.2026 во 12:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција го обвини обвинителот за гонење организиран криминал, Ислам Абази, за непокренување обвинение за 19 модуларни болници, со што, според него, правдата не видела бел ден.

    Лефков истакна дека Абази го искористил својот мандат за заштита на интересите на СДС и ДУИ, наместо за извршување на својата функција.

    „Со непокренување на обвинение за 19 модуларни болници, правдата не виде бел ден. Ова е благодарение на обвинителот во заминување, Ислам Абази кој целиот свој мандат наместо да ја извршува функцијата обвинител за гонење организиран криминал, дури и на крај на мандатот покажа дека имал единствена цел, а тоа е заштита на интересите на СДС и ДУИ“, рече Лефков.

    Според него, јавноста сведочела на низа вештачења и документи кои укажуваат дека за изградба на болниците не бил баран никаков услов според Законот за градење, туку единствен закон била волјата на тогашниот министер Венко Филипче.

    „Филипче во процедурите одел до таму да прави анекси за зголемување на цената на модуларните, барал од надлежните само да се потпишуваат на документите кои им ги доставувал, а не ги оставал да работат според закон. За тоа сведочи изјава на вработено лице во Министерството за здравство кое во исказ пред обвинителството изјавило, цитирам ‘сакам да појаснам дека не сум ја изготвила техничката спецификација, туку само сум ја проследила по налог на министерот Филипче до министерот за труд и социјална политика’“, истакна Лефков.

    Тој заклучи дека при нов доказ постапката може повторно да почне и дека семејствата на 14-те жртви од пожарот во модуларната болница имаат право на правда.

    Прочитај повеќе

    Филипче: СДСМ е спремен за избори уште утре, но нема да бидеме алиби за Мицкоски

    24.08.2026 во 12:04

    Левица: Владата ги остави на цедило самовработените лица со попреченост – исплата нема од минатата година

    24.08.2026 во 10:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.