Педесетгодишна жена од Индонезија трагично го загуби животот откако била нападната и голтната од џиновски питон додека пешачела низ шума кон локалниот пазар.
Несреќната Фарида, мајка на четири деца од селото Калемпанг, тргнала да ги продава своите производи, но откако не се вратила дома до вечерта, нејзиниот сопруг Нони (55) организирал потрага заедно со соседите.
Набрзо биле пронајдени нејзините лични работи, што ги потврдило сомнежите дека ѝ се случило нешто лошо. Старешината на селото, Суарди Роси, изјави за медиумите дека Нони „пронашла работи, што го натерало да се сомнева“.
За време на подеталното пребарување на густата вегетација, мештаните наишле на питон со необично голем и подуен стомак. Сомневајќи се дека внатре се наоѓа човечко тело, тие решиле со мачета да го отворат животното.
„Штом го направија тоа, главата на Фарида беше видлива“, рече Роси.
Тлото на жената било пронајдено целосно облечено внатре во змијата, објавува „Дејли Стар“.

