Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: ДУИ обвинува за полициска бруталност

    09.10.2026 во 11:15

    Полицаец Албанец ги тепал двете момчиња – МВР ќе бара одговорност и најстроги санкции

    10.10.2026 во 12:52

    Пред нас продолжен викенд, а потоа уште еден – На овие датуми ќе одмориме

    09.10.2026 во 08:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Венецуела даде зелено светло за „Старлинк“ на Илон Маск
    • Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец
    • Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска
    • Штипјанец со метална шипка нападнал сограѓанин
    • Баба од Аеродром пријавила дека синот ја тепал
    • Необичен улов на царински службеници: Косовец се обидел да изнесе заштитени видови змии преку „Богородица“
    • Со тврд предмет ја тепал партнерката – полицијата мораше да приведе кавадарчанец
    • По долгогодишна запуштеност Скопје ги враќа градските цвеќарници
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ново решение за странските возачи – МВР откри како ќе се плаќаат казните

    Ново решение за странските возачи – МВР откри како ќе се плаќаат казните

    24.08.2026 во 09:211 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сообраќајот на граничниот премин Табановце во моментов се одвива непречено и без подолги задржувања, информира Министерството за внатрешни работи.

    Од МВР појаснуваат дека возилата со странски регистарски таблички за кои е евидентиран сообраќаен прекршок се задржуваат најмногу пет минути, колку што е потребно за регулирање на обврската.

    Постапката е олеснета со новата веб-апликација „Безбеден град“, која МВР ја стави во функција на 20 август. Апликацијата во оваа фаза е наменета за странски државјани, сопственици и возачи на возила со странски регистарски ознаки, кои преку неа можат да ги проверат сообраќајните прекршоци и електронски да ги платат глобите.

    При најавувањето, потребно е корисникот да ја скенира или фотографира патната исправа и да ја внесе регистрацијата на возилото или возилата што ги користи во земјава.

    На овој начин, странските возачи кои ќе бидат евидентирани дека направиле сообраќаен прекршок ќе можат навремено да се информираат за изречената глоба и да ја подмират обврската без дополнително задржување на граничните премини.

    Од МВР најавуваат дека дигиталните услуги ќе продолжат да се унапредуваат, а во наредните фази се планира проширување на функционалностите на апликацијата и за други категории корисници.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

    10.10.2026 во 15:09

    Штипјанец со метална шипка нападнал сограѓанин

    10.10.2026 во 15:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.