Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нафтата повторно над 100 долари – Растат стравувањата за снабдувањето
    • Нова градинка во Шуто Оризари: Мицкоски денеска ја пушта во употреба
    • Задолжителната медијација пред Уставен суд: Ќе се оценува одредбата за споровите до 1 милион денари
    • Холандска делегација доаѓа во Собранието на средба за евроинтеграциите
    • Ќе расте ли минималната плата? – Измените денеска пред пратениците
    • За половина час ќе снема струја – Исклучување до 15 часот, ова е списокот со населби
    • Утрата стануваат постудени – УХМР најавува сонце, па лош пресврт за викендот
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » УХМР предупредува: Активиран метеоаларм поради високите температури

    УХМР предупредува: Активиран метеоаларм поради високите температури

    24.08.2026 во 08:472 Mins Read
    УХМР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    УХМР денеска објави метеоаларм за високи температури на територија на целата држава.

    Мерните станици покажаа дека најсвежо утро има на Попова Шапка каде се измерени 18 степени во осум часот, по што следи Берово со 19 степени.

    УХМР утрово измери највисока температура во Гевгелија и Велес, од 26 степени. Следат Кавадарци со 25 степени, Струмица и Зајчев Рид со 24.

    Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди. Во попладневните часови локално се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има услови за невреме проследено со силен ветер и град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 13 до 22 степени, а максималните ќе достигнат од 30 до 38 степени.

    Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне, во делови од котлината, ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се спушти до 18 степени, а дневната ќе достигне до 37 степени.

    Во текот на новата седмица времето ќе биде претежно стабилно и сончево, со мала до умерена облачност. И утре во попладневните часови се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места е можна и појава на невреме со силен ветер и град.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Нафтата повторно над 100 долари – Растат стравувањата за снабдувањето

    07.10.2026 во 08:05

    Нова градинка во Шуто Оризари: Мицкоски денеска ја пушта во употреба

    07.10.2026 во 08:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.