Делегација од Кралството Холандија, предводена од Хелен Бакер, заменик-министерка за надворешни работи и генерална директорка за европска соработка при холандското Министерство за надворешни работи, денеска ќе го посети македонското Собрание.
Како што информираат од собраниската прес-служба, холандската делегација ќе оствари средба со членовите на Националниот совет за евроинтеграции.

