Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Започнува зимското сметање на времето: Во сабота кон недела ги поместуваме стрелките еден час назад
    • Судење за „Пулс“: Вештакот тврди дека немало реконструкција, Обвинителството ја оспорува стручноста
    • 30-годишник од Скопје пренесен во болница, бил претепан со тврд предмет
    • Ѓорѓиевски: Го враќаме спомен-обележјето, го чуваме споменот на едно одземено детство
    • „Сопругот и золвата ме натепаа“: 32-годишна скопјанка се јавила во полиција
    • Средба на Хоџа со претставници на МАТТО: Зелените инвестиции се основа за одржлив развој
    • „Розовиот октомври“ одбележан во Чаир: Меџити порача дека раното откривање рак на дојка спасува животи
    • Драма на лет за Дизелдорф: Патници се разболеа во авион
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Приведени десет лица – запленети арсенал оружје и дрога во тетовско и гостиварско

    Приведени десет лица – запленети арсенал оружје и дрога во тетовско и гостиварско

    22.08.2026 во 13:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вчера полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.Б.(41) од с.Лешок, тетовско. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени карабин 7 мм со оптички нишан, пиштол „ЦЗ“ 9мм со празни рамки, воздушна пушка 5,4 мм со оптички нишан, како и куршуми од различен калибар, соопшти МВР.

    На 21.08.2026 околу 20:21 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода А.М.(39), Д.М.(26), Б.С.(37), Р.Р.(66), Б.А.(37) и Р.В.(72), сите од Гостивар и Н.Л.(65) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во с.Куново, гостиварско има нарушување на јавниот ред и мир со истрели од огнено оружје. На местото се пронајдени чаури, а по извршените претреси во неколку нивни викенд куќи во село Куново биле пронајдени и одземени повеќе парчиња огнено оружје (ловечки карабини, ловечки пушки, пиштол) и поголема количина муниција.

    На 21.08/22.08.2026 година во периодот од 22:30 до 01:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово во координација со САЕ „Тигар“ и Единицата за службени кучиња, врз основа на судска наредба, извршија претрес во куќа и барака-работилница во Тетово, користени од П.М. (36). Во работилницата се затекнати три лица – Л.С.(19) и двајца 16 – годишни малолетници, при што кај Л.С. и едниот малолетник се пронајдени бела прашкаста материја, марихуана и две дигитални ваги. Дополнително, во објектот беа пронајдени кутии со бела прашкаста материја и парични средства во различни валути и апоени, по што лицата се лишени од слобода.

    По целосно документирање на случаите, во координација со јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    Прочитај повеќе

    30-годишник од Скопје пренесен во болница, бил претепан со тврд предмет

    21.10.2026 во 16:59

    „Сопругот и золвата ме натепаа“: 32-годишна скопјанка се јавила во полиција

    21.10.2026 во 16:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.