УХМР ги измери температурите ова претпладне низ Македонија. Според мерните станици на УХМР, денеска во 11 часот највисока температура има во Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија со измерени 33 степени.
Следат Велес и Штип со 32 степени, па Скопје со 31 степени Целзиусови.
Попова Шапка со 21 степени е местото каде е измерена најниска температура во 11 часот, по што следи Крушево со 25 степени.
Денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде од 10 до 19 степени, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Утре и во сабота времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.
Во недела и во следните неколку дена, во попладневните часови ќе има локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Температурата постепено ќе опаѓа.

