Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Андоновски и Мацинка: Дигитализацијата носи поедноставни услуги за граѓаните и заштита од сајбер-закани
    • Кршел по дома, ја тепал мајка му со тврд предмет, полицијата уапси 29-годишен скопјанец
    • Затвореник од Штип се заканувал на сопругата дека ќе ја убие штом излезе на слобода
    • Нелегален ископ во струшко ја замати водата над 30 пати од дозволеното – поднесена кривична пријава
    • Штипјанка се јавила во полиција: Мојата малолетна ќерка е претепана од татко и
    • Божиновска се сретна со чешкиот вицепремиер Мацинка: Фокус на енергетиката и новите инвестиции
    • Герасимовски: Апликацијата на Општина Центар чинеше 200 евра, а не 6,6 милиони денари
    • Смарт-камерите на ЦУК навреме алармираа за пожарот кај Никуштак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски и Мацинка: Дигитализацијата носи поедноставни услуги за граѓаните и заштита од сајбер-закани

    Андоновски и Мацинка: Дигитализацијата носи поедноставни услуги за граѓаните и заштита од сајбер-закани

    20.08.2026 во 16:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Размената на искуства и добри практики, како и отворањето нови можности за соработка со Чешката Република во дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста, беа во фокусот на семинарот „Дигитализација на јавната администрација – размена на искуства и добри практики со Чешката Република“, кој се одржа денеска во организација на Министерството за дигитална трансформација.

    Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски го пречека Н.Е. г. Петр Мацинка, заменик-премиер и министер за надворешни работи на Чешката Република, по што двајцата министри со поздравни обраќања официјално го отворија семинарот.

    Посакувајќи им добредојде на министерот Мацинка и на чешката делегација, министерот Андоновски истакна дека дигитализацијата не е само технолошки процес, туку суштинска трансформација на начинот на кој функционира државата и на кој граѓаните ги остваруваат своите права и ги користат јавните услуги.

    „Она што сакаме да го постигнеме е државата да биде поедноставна и поблиска до граѓаните и компаниите, со услуги кои се достапни, брзи и лесни за користење. За нас, дигитализацијата има смисла само доколку носи реално подобрување во секојдневието – помалку административни чекори, помалку чекање и поголема сигурност и предвидливост за секој граѓанин и за секоја компанија“, нагласи Андоновски.

    Тој посочи дека Министерството работи на развој на дигиталните услуги, подобро поврзување на институциите, унапредување на интероперабилноста и создавање посигурна дигитална инфраструктура.

    Министерот Андоновски ја нагласи важноста на меѓународната соработка и размената на практични искуства, оценувајќи дека знаењето и конкретните решенија на Чешката Република можат значително да придонесат кон натамошниот развој на дигиталната трансформација во земјава.

    „Денешниот семинар го гледам како многу повеќе од презентација на две различни искуства. Го гледам како можност да започнеме нова, поконкретна и подлабока соработка меѓу Македонија и Чешката Република во областа на дигиталната трансформација“, истакна Андоновски.

    Посебен акцент беше ставен и на сајбер-безбедноста како неопходен дел од процесот на дигитализација.

    „Колку повеќе услуги и процеси се дигитализираат, толку поважно е граѓаните да имаат доверба дека нивните податоци се безбедни и дека системите на државата се отпорни. Затоа, дигитализацијата и сајбер-безбедноста мора да одат рака под рака“, порача министерот.

    Претставниците на чешката делегација ги презентираа искуствата и успешните практики на Чешката Република во дигитализацијата на јавната администрација. Во рамките на дискусијата беа разгледани можностите за понатамошна соработка, воспоставување партнерства и реализација на заеднички иницијативи и проекти, вклучително и во областа на сајбер-безбедноста.

    Министерот Андоновски изрази уверување дека семинарот ќе биде почеток на нови иницијативи, партнерства и конкретни проекти меѓу двете земји во областа на дигиталната трансформација.

    Прочитај повеќе

    Кршел по дома, ја тепал мајка му со тврд предмет, полицијата уапси 29-годишен скопјанец

    20.08.2026 во 16:39

    Затвореник од Штип се заканувал на сопругата дека ќе ја убие штом излезе на слобода

    20.08.2026 во 16:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.