Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски: Силната дипломатија се мери според интересите што ги штити, партнерствата што ги гради и можностите што ги создава

    Муцунски: Силната дипломатија се мери според интересите што ги штити, партнерствата што ги гради и можностите што ги создава

    20.08.2026 во 15:123 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје се обрати на отворањето на Амбасадорскиот совет, на кој присуствуваа шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на државата. На отворањето се обрати и министерот за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка.

    Во своето обраќање, Муцунски нагласи дека брзите промени во меѓународното опкружување ја потврдуваат потребата од натамошно јакнење на модерна, активна, професионална и самоуверена дипломатија, која навремено ги препознава предизвиците и можностите, отвора врати, создава партнерства и јасно ги застапува националните интереси.

    „Светот се менува брзо, а малите и средните држави немаат луксуз да бидат пасивни. Затоа ни е потребна дипломатија која предвидува, отвора врати, создава партнерства и јасно и достоинствено ги штити нашите национални интереси“, истакна Муцунски.

    Посебен акцент беше ставен на европската интеграција и на потребата континуирано да се надградува политичкиот ангажман на дипломатската мрежа во земјите членки на Европската Унија.

    „Бараме фер, предвидлив и кредибилен европски процес, заснован на резултати, европски принципи и заемно почитување. Поддршката не се создава со една посета – таа се гради систематски“, нагласи Муцунски.

    Во таа насока, беше потенцирана важноста од продолжување и продлабочување на контактите со владите, парламентите, политичките партии, бизнис-заедницата, медиумите, академската заедница и останатите релевантни општествени чинители.

    Во делот на безбедноста, Муцунски потенцираше дека НАТО останува темелот на нашата безбедност и дека државата ќе продолжи да придонесува како кредибилен сојузник кон колективната одбрана, трансатлантското партнерство и стабилноста на регионот. Воедно, ќе продолжи продлабочувањето на односите со стратешките партнери, регионалната соработка и градењето конструктивни односи со соседите.

    Значаен дел од обраќањето беше посветен и на натамошното зајакнување на економската дипломатија. Врз основа на досегашните активности на дипломатско-конзуларните претставништва, целта е дополнително да се зголемат конкретните економски резултати – повеќе инвестиции, поголем извоз, отворање нови пазари, нови партнерства и дополнителни можности за домашните компании и граѓаните.

    Во фокусот беа и натамошната модернизација на конзуларните услуги, дигитализацијата и врските со дијаспората. Министерот нагласи дека континуираното унапредување на услугите и комуникацијата со граѓаните претставува важен сегмент од градењето доверба во институциите.

    Дијаспората, пак, беше истакната како значаен човечки, економски и интелектуален потенцијал, при што беше нагласена потребата и натаму да се развиваат механизми преку кои нашите успешни граѓани во светот ќе можат полесно да инвестираат, да споделуваат знаење, да создаваат контакти и да придонесуваат кон развојот на државата.

    „Од нашата дипломатска мрежа очекуваме три работи: да ги штити националните интереси, да отвора нови можности за нашата држава и да им служи на нашите граѓани. Тоа е суштината“, порача Муцунски.

    Тој нагласи дека целта на Амбасадорскиот совет е досегашната работа и искуство на дипломатската мрежа да се преточат во уште подобра координација, поголема иницијатива и конкретни резултати.

    „Силната дипломатија не се мери според бројот на средби што сме ги одржале, престолнините што сме ги посетиле или документите што сме ги потпишале. Таа се мери според интересите што сме ги заштитиле, партнерствата што сме ги изградиле, вратите што сме ги отвориле, инвестициите што сме ги донеле и можностите што сме ги создале за нашата држава и за нашите граѓани“, заклучи Муцунски.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.