Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бојковска: Македонија се најде на листата во топ 30 земји во светот за сајбер-безбедност

    Бојковска: Македонија се најде на листата во топ 30 земји во светот за сајбер-безбедност

    20.08.2026 во 12:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија се рангираше на 30-то место во светот од вкупно 155 земји според Националниот индекс за сајбер-безбедност на естонската Академија за е-управување, соопшти денеска пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска.

    Со освоени 84,17 поени, земјава бележи скок од 29 позиции во споредба со рангирањето од 2023 година, кога се наоѓаше на 59-то место.

    Според Бојковска, овој резултат е потврда дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ воспоставува поорганизиран и сериозен пристап кон дигиталната безбедност.

    „Еден од клучните чекори во тој процес е новата законска рамка. Со неа, за првпат на јасен начин се определуваат надлежностите на Министерството за дигитална трансформација во делот на безбедноста на мрежните и информациските системи“, истакна таа.

    Пратеничката објасни дека новите правила носи конкретни механизми за управување со ризиците и заштита на критичната инфраструктура.

    „Се воспоставуваат конкретни правила за управување со сајбер-ризиците, се воведува обврска за пријавување на безбедносни инциденти и се поставуваат посилни механизми за заштита на суштинските и важните субјекти“, нагласи Бојковска.

    Таа додаде дека со ова се менува пристапот кон превенцијата и реакцијата при сајбер-закани.

    „Ова е важна промена затоа што сајбер-безбедноста повеќе не се третира како прашање што се решава само кога ќе се појави проблем. Градиме систем во кој постојат јасно дефинирани одговорности, правила и механизми за превенција и реакција“, посочи пратеничката.

    Бојковска истакна дека директна корист од овие мерки имаат граѓаните преку побезбедни дигитални услуги и подобра заштита на личните податоци.

    „Затоа инвестираме во сајбер-безбедноста конкретно и системски со законска рамка, со јасни надлежности и со механизми што треба да дадат долгорочна заштита. Резултатот од Националниот индекс покажува дека сме направиле значаен чекор напред. Ова е потврда дека насоката во која се движи земјата е исправна, но и наша обврска да продолжиме уште посериозно“, заклучи Бојковска.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.