Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Зошто проговори дури сега?“ – ВМРО-ДПМНЕ со прашања до Филипче за 37-те милиони евра
    • Николоски: Владата на СДСМ со Бугарија договараше продажба на 5 приватни компании
    • ВИДЕО: Орце става асфалт на булеварот „Борис Трајковски“
    • УХМР ги измери температурите низ Македонија – Сонце по утринскиот студ
    • Бугарскиот производител се сомнева дека во Хрватска била дадена 10 кратно поголема доза од вакцината
    • ГАЛЕРИЈА: Македонската полиција уапси 69 годишен маж – Имал цел арсенал оружје
    • Паднаа директорка и шефица во Државна лотарија – пронајдени злато и скапи брендирани чанти
    • ВРЕДИ прашува: Чиј е имотот од 335 илјади евра понуден за пасошот на Груби?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ведрана Рудан не пуштила солза кога починал татко и: „Ме зграпчи и фрли, целата бев крв и стакла”

    Ведрана Рудан не пуштила солза кога починал татко и: „Ме зграпчи и фрли, целата бев крв и стакла”

    20.08.2026 во 10:112 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст, а нејзиниот живот го одбележа тешко детство, за кое своевремено отворено зборуваше.

    За односот со својот татко, кој бил голема пречка во нејзиното растење, Рудан без воздржување раскажувала:

    „Се обидов да му пресудам но не успеав. Тој ме фати, јас имав 21 година, дипломирав и работев. Бев нормална жена. Тогаш се носеа мини-здолништа, а преку ноќ во мода дојдоа макси-здолништата. Како и секоја млада девојка, ја следев модата. Го фрлив мини-здолништето и облеков макси“, раскажувала Рудан за морничавиот настан.

    „Потоа тој влезе во нашата кујна, простачки ме одмери и ми рече: ‘Вчера беше курва, а денес си калуѓерка, одлучи се’. Јас му одговорив: ‘Не сер*’. Тоа беше првпат во животот да му се развикам на татко ми. Дивјакот ми го коментираше здолништето што сама си го купив. Тогаш ми пријде, ме зграпчи за облеката и ме фрли во стаклен шкаф. Целата бев во крв и стакло. Мајка ми се тресеше. Во тој момент зедов шерпа полна со гулаш и му ја фрлив во глава. Некако се оддалечи, целиот беше во крв, а мајка ми за малку ќе умреше.

    Потоа мајка ми го однесе на лекар, му ги сошиле раните, а потоа тој се вратил во својата кафеана и ѝ рекол на келнерката дека сум сакала да го убијам. Келнерката тогаш му одговорила: ‘А што чекаше досега?’. Тогаш си заминав од дома со намера никогаш повеќе да не се вратам“, раскажала своевремено Ведрана.

    Таа навела и дека смртта на татко ѝ не ја погодила и дека во ниту еден момент не почувствувала тага поради неговото заминување.

    „Кога ми умре татко ми, си реков: барем пушти една солза. И навистина извлеков една, две, три солзи од себе. Тогаш си реков: ‘Тоа ѓубре толку зло ти направи, какви солзи? Остави го татко ти на мира’“, рекла писателката, истакнувајќи дека имала исклучително тешко детство.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    „Зошто проговори дури сега?“ – ВМРО-ДПМНЕ со прашања до Филипче за 37-те милиони евра

    07.10.2026 во 11:34

    УХМР ги измери температурите низ Македонија – Сонце по утринскиот студ

    07.10.2026 во 11:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.