Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Ако опозицијата бара избори, ќе ги договориме термин и ќе победиме
    • Фрчкоски: Пет недели Гостивар без вода, ВМРО наместо одговорност и решение – здравица и славење
    • Тинејџер го нападнал својот татко
    • Уапсен маж: Го истепал синот, бил агресивен и кон сопругата
    • Редици од странски возачи на Табановце: Ги стигнаа казните на Сејф сити
    • ЦУК: До 18 часот осум активни пожари и три под контрола
    • МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
    • Солидарноста на дело: Скопските пожарникари заминуваат за Мариово да го гаснат пожарот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Ако опозицијата бара избори, ќе ги договориме термин и ќе победиме

    Мицкоски: Ако опозицијата бара избори, ќе ги договориме термин и ќе победиме

    19.08.2026 во 20:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва изјави дека доколку опозицијата побара предвремени парламентарни избори, тие во секое време се подготвени да излезат на избори и да победат.

    Мицкоски рече дека неговиот став е познат и дека неговата Влада доби мандат од четири години.

    -Мојот став е познат во јавноста и ставот на оваа Влада дека ние добивме мандат за четири години. Мандатот завршува пролетта 2028 година. Се уште имаме техничка Влада. Значи крајот на оваа политичка Влада би требало да биде некаде крајот на 2027 година така што тоа се оние параметри коишто можам јас сега да ги кажам и врз основа на кои добивме доверба од граѓаните, рече Мицкоски во интервју за Тема на денот на ТВ Сител.

    На прашањето што може да го предомисли, тој рече дека логично е опозицијата да сака да биде Влада затоа што мисли дека може да биде подобра од Владата и ако опозицијата побара предвремени парламентарни избори тогаш како Влада тие се подготвени за лидерска средба, да се договори термин и да се оди на предвремени парламентарени избори.

    -Нема да бегаме, се разбира. Затоа јас велам, мандатот наш е за четири години и за толкав период сме добиле поддршка од граѓаните да испорачаме реформи, но доколку имаме фрлена ракавица од страна на опозицијата, нормално е нема ние кукавички да бегаме од избори. Напротив, ние сме подготвени во секое време да излеземе и да ги победиме, изјави премиерот Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Фрчкоски: Пет недели Гостивар без вода, ВМРО наместо одговорност и решение – здравица и славење

    19.08.2026 во 20:11

    Тинејџер го нападнал својот татко

    19.08.2026 во 19:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.