Open AI ја лансираше новата верзија на ChatGPT наменета за тинејџери од 13-17 години. Оваа оптимизирана верзија е создадена по напливот од реакции на загрижени родители од целиот свет, кои сметаат дека апликацијата е закана за младите, доколку нема никакви ограничувања.
Новата верзија овозможува поголема поддршка во образованието, потттикнува критичко размислување и го насочува ученикот кон учење чекор по чекор, наместо директно да му го даде точниот одговор.
На пример, една од новите опции е Study mode, односно режин на учење. Наместо готово решение на домашната задача, учениците добиваат квизови и визуелизации, кои им помагаат сами да го најдат точниот одговор.
Апликацијата располага и со потсетници за домашна задача. ChatGPT за тинејџери има и посилни заштити – ограничувања на чувствителни теми, меѓу кои самоповредување, насилство, наруѓување во исхраата и сексуална содржина.
ChatGPT за тинејџери е создавана со многу експерти и воспитно образовни работници.
„Не секој ученик има некого дома кој може да му помогне кога ќе заглави или има прашања во врска со домашната задача. Со соодветни заштитни мерки, вештачката интелигенција може да помогне да се пополни таа празнина. Алатки како Responsible Homework Reminder можат да ги водат учениците чекор по чекор, помагајќи им да ги разберат своите грешки, да стекнат самодоверба и да продолжат да учат — а не едноставно да им го дадат одговорот.“, вели Ракел Гибсон, наставничка по математика во средно училиште, Мајами, Флорида.
Дали ако родителите во Македонија ја инсталираат оваа верзија кај своите деца, ќе бидат побезбедни во дигиталниот свет – ги прашав домашните експерти.
За тоа колку ChatGPT за тинејџери ќе влијае врз начинот на кој младите учат и комуницираат со AI, допрва ќе се оценува.

