Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска Давкова- Мацинка: Европската интеграција на Западниот Балкан е не само политичко, туку и европско безбедносно прашање
    • Дел од Гази Баба утре ќе остане без струја
    • УЈП со акција во Охрид: „Фер туризам започнува со пријавен доход“
    • Божиновска и германскиот државен секретар Вирмер разговараа за енергетската транзиција и соработката со ЕУ
    • Малолетник фатен зад волан во Батинци: 15-годишник возел „тојота“ без возачка дозвола
    • Скопјанец пронајден починат во двор од семејна куќа
    • Сиљановска-Давкова се сретна со Мацинка: Европската интеграција на Западниот Балкан е и безбедносно прашање
    • Николоски и Баша на средба во Скопје: Фокус на патот Тетово-Призрен и автопатот Скопје-Блаце
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска Давкова- Мацинка: Европската интеграција на Западниот Балкан е не само политичко, туку и европско безбедносно прашање

    Сиљановска Давкова- Мацинка: Европската интеграција на Западниот Балкан е не само политичко, туку и европско безбедносно прашање

    19.08.2026 во 17:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид го прими заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, којшто престојува во официјална посета на земјава.

    Како што соопшти претседателскиот Кабинет, на средбата констатирале дека македонско-чешките односи се одликуваат со традиционално пријателство, засновано врз меѓусебна почит и разбирање. Во делото на просветителите „Св. Кирил и Методиј“ препознаваат вредно заедничко наследство со огромна обединувачка моќ.

    Главна тема на разговорот бил долгиот пат на земјава како и на Западниот Балкан кон Брисел. Сиљановска-Давкова притоа укажала дека дводеценискиот кандидатски статус за членство во ЕУ, не произлегува од неусогласеноста со европското право и пракса, туку од блокадите на некои соседи од ирационален идентитетски карактер.

    Таа предупредила дека европската интеграција на Западниот Балкан е не само политичко и техничко, туку и европско безбедносно прашање.

    Министерот Мацинка оценил дека местото на земјата е во Европската Унија. Според него, на Чешката Република и се потребни сојузници со слично минато, менталитет и култура.

    Претседателката се заблагодарила за чешката принципиелна и континуирана поддршка изразена преку иницијативата „Пријатели на проширувањето“, како и преку ангажманот на Чешката Република во рамките на Вишеградската група и форматот Славков, се додава во соопштението.

    Двајцата соговорници изразиле уверување дека плодната соработка во економијата, туризмот, науката и образованието ќе продолжи, ќе се прошири и ќе зајакне.

    Прочитај повеќе

    Дел од Гази Баба утре ќе остане без струја

    19.08.2026 во 17:11

    Божиновска и германскиот државен секретар Вирмер разговараа за енергетската транзиција и соработката со ЕУ

    19.08.2026 во 16:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.