Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Давчевски: Кризата во Скопје ескалира, Ѓорѓиевски задоцни со прскањето против комарци

    Давчевски: Кризата во Скопје ескалира, Ѓорѓиевски задоцни со прскањето против комарци

    19.08.2026 во 13:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кризата со западнонилската треска во Скопје ескалира, а состојбата е алармантна поради задоцнетата реакција за дезинсекција, обвини денеска на прес-конференција Александар Давчевски, претседател на Градската организација на СДСМ.

    Според Давчевски, во главниот град досега има 35 потврдени случаи, четири починати лица и шестмина кои се наоѓаат на интензивна нега во критична состојба.

    Опозициската партија го посочи градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, како директен виновник за ваквата состојба на терен.

    „Наместо навремена превенција, навремена анализа и системска контрола на жариштата со комарците – градоначалникот и овој пат задоцни. Дури сега се сети дека треба да прска против комарци. Скопје е под опасада од заразни комарци – поради задоцнетите реакции на првиот човек на Градот“, изјави Давчевски.

    Тој додаде дека граѓаните во средината на летото се соочуваат со страв од зараза при секое излегување надвор.

    „Орце Ѓорѓиевски затаи кога најмногу требаше да делува. Го немаше кога требаше навремено да се прска, пред вирусот да се прошири и пред граѓаните да почнат да заболуваат. Па што правеше? Да не случајно го исчисти Скопје од ѓубре? Да не случајно ги обезбеди ветените автобуси за Скопјани? Да не случано го среди Градски парк после невремето од пред еден месец? Не, ништо од ова не е средено. Се занимаваше со билбордот со коњ со пет нозе, и со дрон го следеше загадувањето на реките во Скопје“, потенцираше Давчевски.

    Од СДСМ истакнаа дека граѓаните ја плаќаат цената со сопственото здравје и со сопствените животи.

    „Ова е истиот принцип на работа на целата власт на ВМРО: се доцни, се чека проблемот да прерасне во криза, па потоа се глуми дека се преземаа нешто. Орце Ѓорѓиевски не ги заштити Скопјани од комарците! А требаше и мораше. За тоа треба и мора да се одговара, кога би имало институции кои постапуваат по закон“, заклучи претседателот на Градската организација на СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.