Дел од жителите во скопската населба Автокоманда утре ќе соочат со привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Прекинот е поради планирани технички зафати на дистрибутивната мрежа, односно исклучување од подземна мрежа и промена на довод од трансформаторската станица.
Без електрична енергија утре (20.08.2026 година), во периодот од 09:00 до 13:00 часот, ќе останат корисниците од улица „16-та Македонска Бригада“, поточно објектот кај зградата ВА (влезови 2, 3 и 4), лоцирани наспроти Центарот за деца „Виножито“.
По завршувањето на интервенцијата, снабдувањето со струја ќе биде нормализирано.

