Дел од корисниците во Општина Чаир и населбата Топанско Поле денеска ќе останат без вода поради интервенција на водоводната мрежа.
Според информациите од РЦУК – Скопје, по известување од ЈП „Водовод и канализација“, ќе се врши замена на шибер Ф-250 мм на улицата „Џон Кенеди“, на раскрсницата со улицата „Лазар Трповски“.
Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работите.

