На официјална покана од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во Северна Македонија денеска и утре престојува чешкиот заменик-премиер и министер за надворешни работи Петр Мацинка.
Посетата започнува во Охрид, каде што двајцата министри ќе одржат билатерална средба, по што ќе следува состанок на официјалните делегации на двете министерства.
Пред медиумите, Муцунски и Мацинка ќе ги споделат заклучоците од разговорите на заедничка прес-конференција во Вила „Охрид“.

