Close Menu
Press24
    Најново

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Зеленски му се заблагодари на кралот Чарлс за неговата „непоколеблива поддршка“ за Украина

    Зеленски му се заблагодари на кралот Чарлс за неговата „непоколеблива поддршка“ за Украина

    14.10.2026 во 21:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски лично му се заблагодари на кралот Чарлс Трети за неговата „непоколеблива поддршка“ за Украина, за време на нивната средба во Бакингемската палата, јави ДПА.

    Монархот попладнево го пречека украинскиот претседател во Кинеската трпезарија на кралската резиденција во центарот на Лондон.

    Зеленски по средбата на Икс му се заблагодари на Неговото Височество кралот Чарлс Трети за приемот. „За мене е важно што имав можност лично да му се заблагодарам за неговата непоколеблива поддршка за Украина“, напиша и додаде дека „Украина ја цени сета помош што ја обезбеди Обединетото Кралство.“

    Зеленски отпатува во Обединетото Кралство на разговори со премиерот Енди Бурнам, кој треба да го пречека во Даунинг стрит како знак на поддршка по договорот за дизел што американскиот претседател Доналд Трамп го склучи со Русија.

    Се очекува Бурнам да ја искористи посетата за да најави забрзување на воената поддршка за Украина и да вети нови пакети санкции насочени кон Москва.

    Чарлс и Зеленски, кои негуваат срдечен однос, беа фотографирани како се ракуваат и водат сериозен разговор, пренесе германската агенција.

    Тие се упатија кон приватната просторија за прием на кралот, каде што разговорите траеја околу 25 минути.

    Претходно денеска Зеленски на социјалните мрежи напиша дека се подготвува за средба со кралот, а потоа и со премиерот, изјавувајќи дека „ќе имам и важна средба со премиерот Енди Бурнам“.

    „Ќе разговараме за широк спектар на безбедносни прашања. Подготвуваме одлуки што ќе нè зајакнат“, рече украинскиот претседател, пренесува ДПА.

    Прочитај повеќе

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46

    Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица

    28.10.2026 во 19:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.