Close Menu
Press24
    Најново

    Елекстрдистрибуција со известување до граѓаните: Утре неколку часа ќе нема струја

    13.10.2026 во 12:25

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32

    Снег кон крајот на неделата – УХМР со детална прогноза

    14.10.2026 во 12:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Митева: Во Клиничката болница Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка
    • Директорот предупредува: Лувр се соочува со опасност од затворање доколку не се реконструира
    • Филипче: Директорот на АНБ има лажен сертификат од Бугарија, тоа да не е причината за овој договор?
    • ФБИ и се заблагодари на македонската полиција: Успешно разбиен меѓународниот сајбер-пазар „OLVX“
    • Филипче: Сите лаги на Мицкоски за уставните измени паднаа во вода – секое одложување носи сиромаштија и иселување
    • Филипче: Бараме Бугарија да направи екстрадиција на Михаилова
    • Иранка (23) осудена на смрт поради објава на социјалните мрежи
    • МВР со детали за случајот со наводниот напад на млади лица од страна на полицајци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Митева: Во Клиничката болница Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка

    Митева: Во Клиничката болница Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка

    14.10.2026 во 21:313 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, по повод Розовиот октомври – месец посветен на подигнување на свеста за борбата против ракот на дојката, организираше панел-дискусија под мотото „Сплотено дејствуваме за една победа повеќе“, свое обраќање имаше Марија Митева, претседателка на УЖ и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

    Митева информираше дека во Клиничката болница Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка. Таа додаде дека иницијативата произлегла од страна на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека целта била да се обезбеди побрза, покоординирана и подостапна грижа за жените од Штип и целиот источен регион.

    „Токму затоа денешниот ден во Штип има посебно значење за нас. Утрово во Клиничката болница во Штип беше воспоставен мултидисциплинарен тим односно кабинет за пациентките со рак на дојка, иницијатива која произлезе од Унијата на жени и која се роди од едно едноставно прашање: ако веќе постојат инфраструктурата, стручните луѓе и медицинските капацитети, можеме ли подобро да ги поврземе за жената да добие побрза, покоординирана и подостапна грижа? Одговорот беше едноставно – можеме. И токму тука сакам јавно да ја изразам благодарноста до министерот за здравство Сашо Клековски и до целиот тим на Министерството за здравство“, изјави Митева и додаде:

    „Кога ја соопштивме идејата, немаше непотребно одлагање и бирократско префрлање на одговорноста. Иницијативата веднаш беше разбрана, прифатена и разгледана како можност нешто што веќе постои во системот да биде организирано подобро во интерес на пациентите. За мене тоа има значење многу пошироко од оваа конкретна иницијатива. Затоа што начинот на кој една институција реагира кога пред неа ќе се појави добра идеја кажува многу за здравствениот систем што сакаме да го градиме како ВМРО-ДПМНЕ“.

    Митева е децидна дека УЖ на ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од внатрепартиска организација, потенцирајќи дека истата, како што кажа, мора да биде место каде искуството од теренот се претвора во политичка идеја, политичката идеја во иницијатива, а иницијативата, кога е добра и остварлива, во јавна политика.

    „Не станува збор секогаш за нови згради, нови апарати или дополнителни административни структури. Понекогаш вистинската реформа е постојните капацитети да се поврзат подобро, лекарите од различни специјалности да седнат на иста маса, случајот на пациентката да се разгледува интегрирано, информациите да патуваат побрзо од неа и одлуките да се носат координирано. Тоа е суштината на мултидисциплинарниот пристап и токму тоа сакаме да го овозможиме за жените од Штип и целиот источен регион“, кажа Митева и додаде:

    „Како Унија на жени сакаме  да покажеме што сме иницирале, што сме промениле и кому сме му го олесниле животот. Сакам зад нас да останат механизми што функционираат, иницијативи што станале практика и политики што продолжиле да создаваат резултати и кога никој повеќе нема да се сеќава на фотографијата од денот кога биле започнати. Тоа е и причината поради која Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ја гледаме како многу повеќе од внатрепартиска организација. Таа мора да биде место каде искуството од теренот се претвора во политичка идеја, политичката идеја во иницијатива, а иницијативата, кога е добра и остварлива, во јавна политика“.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Директорот на АНБ има лажен сертификат од Бугарија, тоа да не е причината за овој договор?

    14.10.2026 во 20:52

    ФБИ и се заблагодари на македонската полиција: Успешно разбиен меѓународниот сајбер-пазар „OLVX“

    14.10.2026 во 20:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.