Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова: Не смееме да заборавиме дека секој што напишал барем неколку реченици во недовршената македонска армиска приказна, оставил трага во нашата воена историја

    Сиљановска-Давкова: Не смееме да заборавиме дека секој што напишал барем неколку реченици во недовршената македонска армиска приказна, оставил трага во нашата воена историја

    18.08.2026 во 21:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката, како Врховна командантка на вооружените сили, денеска се обрати на централната прослава на 18 Август – Денот на Армијата, којашто се одржа во Охрид.

    Честитајќи го најголемиот македонски воен празник, таа истакна дека армијата растела и зреела, но не се изгубил континуитетот со нејзините почетоци: се стекнувало искуство, се проширувало и продлабочувало знаењето, се менувале генерациите, а секоја од нив давала свој придонес или вградувале свое камче во македонскиот мозаик.

    За неа, современата одбрана не се сведува на одговор на веќе настанатите закани, туку на нужноста и способноста за нивно предвидување, подготовка на соодветни капацитети и градење отпорност којашто ќе ја гарантира и зачува функционалноста на државата и тогаш кога условите се најнеизвесни и најнепредвидливи.

    Сиљановска-Давкова со Орден за воени заслуги ги одликуваше:

    • Командата за операции, за особениот придонес за изградбата, развојот, зајакнувањето на капацитетите и за зголемувањето на борбената готовност на македонската Армија како клучен заштитник на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата и
    • Центарот за одгледување и дресура на кучиња, за исклучителните резултати во извршувањето на своите специфични задачи и за исполнувањето на мисијата како особено значајна структура на македонската Армија.

    „Уверена сум дека денешните одликувања, како наша и моја должност, но и радост, ќе бидат потстрек за уште поголема посветеност, заложба и успех во исполнувањето на воените задачи на Армијата.“ – рече таа.

    Врз основа на резултатите и оценките постигнати за време на школувањето на Воената академија во периодот од 2022 до 2026 година, им беа доделени плакети на трите најуспешни потпоручници: Марија Недева, Наталија Кочоска и Антонела Јакимовска.

    Според Сиљановска-Давкова, не смее да се занемари важноста на придонесот на жените за успехот на македонската армија, кои со своето знаење, креативност и посебна женска енергија ја облагородуваат армиската професија.

    Претседателката укажа дека не смееме да заборавиме дека секој што напишал барем неколку реченици во недовршената армиска приказна, оставил трага во воената историја, а оние што денес носат армиска униформа  се современи армиски автори.

    Прочитај повеќе

    Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор

    22.10.2026 во 23:43

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.