Нова должност, иста одговорност. ![]()
Од денес ја продолжувам својата јавна служба како амбасадор и постојан претставник на Република Северна Македонија во НАТО, информираше на социјалните мрежи Орхан Муртезани.
За мене ова е ново професионално поглавје, но истовремено и продолжение на истата определба – Северна Македонија да биде сигурна дома, кредибилен сојузник и држава која има свој глас и придонес во евроатлантското семејство.
Особено денес, кога безбедноста не може да се зема здраво за готово, членството во НАТО носи и привилегија и одговорност, стои во неговата објава на ФБ.

