Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од Скопје до Оземпик: Научната приказна за истражувачката Светлана Мојсов
    • Три знаци кои се со жесток карактер и бурни реакции
    • Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени злосторства против Тачи
    • Петмина осомничени на распит поради терористички заговор во близина на американска база во Британија
    • Усмртил диво животно за време на забрана за лов, кривична за маж од Неготино
    • Голема новост за родителите во Инџиково: Наскоро се отвора новата градинка „Лавче“
    • Гаши во Саудиска Арабија: Има значителни можности за продлабочување на соработката
    • Голема трагедија: Камионџија загина во тешка несреќа на патот Струмица – Радовиш
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: „Медицинските сестри ќе здивнат кога ќе издивнам” – Последната објава на Ведрана пред смртта

    ФОТО: „Медицинските сестри ќе здивнат кога ќе издивнам” – Последната објава на Ведрана пред смртта

    18.08.2026 во 09:503 Mins Read
    Принтскрин, HRT1 видео, Youtube
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Хрватската писателка, новинарка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст по долга и тешка битка со ракот. Веста за нејзината смрт ја потврдиле извори блиски до семејството.

    Утрово на нејзиниот официјален профил беше објавена кратка порака со која беше навестено дека Рудан починала.

    Денес особено потресно звучи нејзината последна објава на нејзниот блог. Таа ја објави на 26 јули под насловот „Медицинските сестри ќе здивнат кога ќе издивнам“, а во неа пишуваше за својата здравствена состојба, смртта која ѝ се приближува, семејството кое се грижело за неа, но пред сè за медицинските сестри на онкологија во Риека.

    Рудан текстот го започна со опис на условите на риечката онкологија, кои, како што наведе, биле особено тешки за време на летните горештини. Пишуваше за медицинските сестри кои, според неа, работат исцрпувачки смени, а притоа на пациентите им повторуваат дека токму ним им е најтешко.

    „Јас сум во групата ‘на оние на кои им е најтешко’. Затоа знам дека мене не ми е најтешко. Ќе умрам, ќе умрат и други“, напиша таа.

    Откри дека еден ден претходно била на контролен преглед, а потоа опиша како изгледале нејзините денови дома. За неа тогаш веќе се грижело семејството.

    „Супа, чај, цврста, мека храна, миење во кревет, изнесување од собата на вишокот од мојот материјал… Глумам дека дремам. Ми е срам. На што споднав“, напиша Рудан.

    Кога на семејството му кажувала како се чувствува поради сето тоа, секогаш го добивала истиот одговор: „Ти си наша.“

    Рудан потоа раскажа приказна која ја слушнала за време на една од нејзините последни посети на болницата.

    Докторката Ивана, како што ја нарекла Рудан, одлучила барем накратко да им овозможи на своите колеги да избегаат од болничкото секојдневие. Изнајмила брод и музика, а на еднодневен излет ги поканила колегите кои можеле да присуствуваат.

    „Се танцуваше, се пееше, се смееше. Помеѓу Црес и Крк по Јадранот пловеше бродот на веселбата“, опишала Рудан.

    Но, зад оваа навидум убава слика, според неа, се криела многу потешка реалност – луѓе кои секојдневно се соочуваат со болест, страдање и смрт, работејќи смени кои Рудан ги сметала за нехумани.

    Ведрана Рудан е родена на 29 октомври 1949 година во Опатија. Студирала хрватски и германски јазик на Педагошката академија во Риека, а во текот на професионалната кариера работела како новинарка, радио-уредничка и телевизиска водителка.

    Како писателка стана позната по својот краток, остар и провокативен стил. Без задршка пишуваше за семејството, љубовта, општеството, политиката, насилството и положбата на жената.

    Нејзините дела се преведени на повеќе јазици, вклучително и на македонски, а според нејзините книги се поставувале и театарски претстави во повеќе европски градови.

    Зад себе остави богат книжевен и новинарски опус, но и препознатлив јавен глас кој со децении предизвикуваше реакции, полемики и дебати.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени злосторства против Тачи

    28.09.2026 во 19:21

    Драма во регионот: Направил сообраќајка па избегал, полицијата го пронајде со палка во раце

    28.09.2026 во 17:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.