Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Тројца убиени во пукотница во шпанско одморалиште, меѓу нив бремена жена и дете

    17.08.2026 во 13:55

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки
    • Тројца убиени во пукотница во шпанско одморалиште, меѓу нив бремена жена и дете
    • Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните
    • МЗШВ: Обезбедени се 500.000 вакцини против сипаници кај овците од Турција, вакцинирањето на сопствен трошок ќе се санкционира
    • АХВ потврди: Вратени 11,6 тони пиперки од Бугарија поради пестициди
    • ЦУК: Гори во Зелениково, Студеничани, Велес, Штип, Сарај и Македонски Брод
    • Западнонилската треска зема уште една жртва: Почина 61-годишен пациент, шестмина се во критична состојба
    • Силјановски, Ingram Micro: Скопје станува центар на одлучување за технолошката иднина на регионот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за здравство, предводено од министерот Сашо Клековски, презема засилени и координирани активности за следење и справување со состојбата со западнонилската треска во земјава. Комисијата за заразни болести редовно ја следи епидемиолошката состојба и предлага соодветни мерки и препораки.

    На иницијатива на министерот Клековски, денеска е формирано координативно тело во кое, покрај институциите од здравствениот сектор, се вклучени и Агенцијата за храна и ветеринарство, претставници на Град Скопје, како и градоначалникот на една од засегнатите општини. Целта е да се обезбеди навремено, усогласено и ефикасно постапување на сите надлежни институции.

    – Ги ставаме на располагање сите институционални капацитети и воспоставуваме засилена меѓуинституционална координација. Состојбата се следи секојдневно, а мерките ќе се приспособуваат во согласност со епидемиолошките показатели. Наш приоритет е навремено откривање на случаите, соодветен третман на пациентите и максимална заштита на здравјето на граѓаните – истакна министерот Клековски.

    Во однос на актуелната епидемиолошка состојба, во моментов се регистрирани 35 потврдени и три суспектни случаи, кои се во процес на дијагностицирање. Најголем дел од пациентите се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Досега се регистрирани три смртни случаи, додека 15 пациенти се излекувани и отпуштени од Клиниката.

    Дијагностичките капацитети се максимално зајакнати, а дневно се вршат од четири до осум анализи.

    Министерот Клековски упати апел до граѓаните доследно да ги почитуваат мерките за лична заштита. Граѓаните во зафатените подрачја ќе добијат СМС-пораки со препораки и конкретни мерки за заштита.

    – Плановите за прскање против комарци во општините се спроведуваат, а Државниот санитарен и здравствен инспекторат дополнително ќе изврши вонредни контроли. Во зафатените подрачја ќе биде спроведена и вонредна контрола на живината. Апелираме на максимална претпазливост, имајќи предвид дека, историски гледано, август и септември се месеци во кои ваквите епидемии го достигнуваат својот врв – додаде министерот.

    Директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Фадил Цана, информираше дека на Клиниката досега кај вкупно 34 пациенти лабораториски е потврдена западнонилска треска, од кои 15 се успешно излекувани.

    Министерството за здравство останува во постојана координација со сите надлежни институции и ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата на терен. Во зависност од нејзиниот развој, навремено ќе бидат преземани дополнителни мерки, а јавноста редовно и транспарентно ќе биде информирана за сите релевантни податоци и препораки за заштита.

    Прочитај повеќе

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    МЗШВ: Обезбедени се 500.000 вакцини против сипаници кај овците од Турција, вакцинирањето на сопствен трошок ќе се санкционира

    17.08.2026 во 13:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.