Close Menu
Press24
    Најново

    Строги контроли за лиценци за казина и обложувалници: Министерството за финансии донесе нов Правилник за приредувачите на игри на среќа

    17.08.2026 во 12:02

    АХВ со заштитни мерки против сипаници кај овците и козите: Вакцинација на своја рака ќе се санкционира

    17.08.2026 во 12:00

    Експлозија пред куќа во Бардовци – оштетени возило, порта и влезот од домот

    17.08.2026 во 11:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Строги контроли за лиценци за казина и обложувалници: Министерството за финансии донесе нов Правилник за приредувачите на игри на среќа
    • АХВ со заштитни мерки против сипаници кај овците и козите: Вакцинација на своја рака ќе се санкционира
    • Експлозија пред куќа во Бардовци – оштетени возило, порта и влезот од домот
    • Пијан татко долго време психички и физички ги малтретирал децата и сопругата – Ужас во Гостивар
    • Велјановски ги најави новите странски инвестиции во ТИРЗ зоните низ Македонија
    • Петрушевски: СДС нема политика и измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника
    • Вечер за паметење: „Македонски сновиденија“ го освои Охрид
    • Мислеле дека спие, па сфатиле дека нивниот син починал за време на возењето – Брачен пар во Италија извозил 100 км мислејќи дека синот на задното седиште спие
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Строги контроли за лиценци за казина и обложувалници: Министерството за финансии донесе нов Правилник за приредувачите на игри на среќа

    Строги контроли за лиценци за казина и обложувалници: Министерството за финансии донесе нов Правилник за приредувачите на игри на среќа

    17.08.2026 во 12:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за финансии донесе нов Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа, кој произлегува од новиот Закон за игрите на среќа донесен во јуни оваа година.

    Со овој подзаконски акт детално се дефинира потребната документација за потврдување на репутацијата на сите правни и физички лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или затворена томбола.

    Барателите на лиценци ќе мора со соодветни документи да докажат дека ги исполнуваат сите услови, пред сè дека немаат изречени санкции за забрана за вршење професија или забрана за приредување игри на среќа, како и други околности значајни за оваа дејност.

    Правилникот исто така воспоставува построга контрола врз потеклото на парите во основната главнина. Преку банкарски извештаи, договори и финансиски биланси, Министерството за финансии ќе го проверува непрекинатиот траг на парите од нивниот извор до уплатата во друштвото.

    Со правилникот дополнително се уредуваат и постапките при промена на сопственичката структура, промена на главнината и именувањето на членовите во органите на управување и надзор.

    Новите правила овозможуваат ценење на репутацијата на содружниците, соработниците и членовите на органите на управување како клучен фактор во спречувањето на перење пари и финансирање тероризам.

    Целта на новиот Закон за игри на среќа и придружниот правилник е да се воспостави современа, појасна и поефикасна законска рамка за регулирање на оваа област.

    Прочитај повеќе

    АХВ со заштитни мерки против сипаници кај овците и козите: Вакцинација на своја рака ќе се санкционира

    17.08.2026 во 12:00

    Експлозија пред куќа во Бардовци – оштетени возило, порта и влезот од домот

    17.08.2026 во 11:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.