Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вечер за паметење: „Македонски сновиденија“ го освои Охрид

    Вечер за паметење: „Македонски сновиденија“ го освои Охрид

    17.08.2026 во 11:15Updated:17.08.2026 во 17:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Моќен звук, извонредна музичка енергија и публика која со воодушевување ја проследи
    секоја изведба , концертот „Македонски сновиденија“ на Националниот џез оркестар приреди
    вечер за паметење на сцената на Долни Сарај, во рамките на 66. издание на фестивалот
    Охридско лето.


    Под диригентската палка на Владимир Николов, врвните музичари ја поведоа публиката низ
    уникатно музичко патување во кое македонскиот фолклор се сретна со слободниот и
    современ јазик на џезот. Новите аранжмани на познатите народни мелодии и оригиналните
    авторски композиции прозвучија автентично, смело и светски.


    Еден од впечатливите моменти на вечерта беше изведбата на „Билјана платно белеше“, во
    нов џез-аранжман на Гордан Спасовски, создаден по иницијатива на А1 Македонија.
    Познатата македонска мелодија доби нов музички живот и силно одекна пред охридската
    публика.

    Дополнителна енергија на концертот му даде специјалниот гостин Питер Сомуа,
    наградуваниот трубач од Гана, кој со својот препознатлив музички израз внесе спој на џез,
    фанк, соул и западноафрикански ритми.


    “Видовме колку моќно може да звучи македонската традиција кога ќе се претстави на
    современ и храбар начин. Како генерален спонзор на Охридско лето, горди сме што
    придонесуваме за создавање вакви културни доживувања и што по наша иницијатива
    „Билјана платно белеше“ доби нов џез-звук. Ова беше вечер што ја потврди силата на
    културата да нè поврзува и да создава спомени што долго траат” , изјави Бранкица
    Толевска, раководителка на одделот бизнис-трансформација, корпоративна
    стратегија и корпоративни комуникации во А1 Македонија.



    По успешните настапи во Будимпешта, Прага, Виена и стоечките овации во престижниот
    центар Bozar во Брисел, „Македонски сновиденија“ ја донесе својата светска енергија дома,
    на една од најубавите сцени на Охридско лето.

    Со оваа концертна вечер, А1 Македонија уште еднаш ја продолжи својата „Културна врска“ со
    фестивалот и со публиката, поддржувајќи ја македонската култура во нејзиниот најсовремен,
    најавтентичен и најмоќен израз.

    Прочитај повеќе

    Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор

    22.10.2026 во 23:43

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.