Close Menu
Press24
    Најново

    Три пожари во Велес – пожарникарите на нозе

    14.08.2026 во 16:13

    Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата

    14.08.2026 во 16:07

    Ангелов: Подомаќински во иднина со водата, а истрагата да открие кој е виновен за загадувањето

    14.08.2026 во 15:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Три пожари во Велес – пожарникарите на нозе
    • Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата
    • Ангелов: Подомаќински во иднина со водата, а истрагата да открие кој е виновен за загадувањето
    • Повеќе забрани или поголеми резултати: Реалноста зад европската статистика за пушењето
    • Реформа во образованието: 2.000 места помалку за бруцоши, се крати кај економијата и правото
    • Трагедија кај Омиш: Пронајдено тело на изгорената површина по големиот пожар
    • Водата е безбедна – сите надлежни се напија од чешмата пред општината Гостивар
    • Кисела Вода повторно ќе прска против комарци во Драчево: Граѓаните да ги затворат прозорците и вратите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Три пожари во Велес – пожарникарите на нозе

    Три пожари во Велес – пожарникарите на нозе

    14.08.2026 во 16:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Три пожари биле регистрирани во велешко во текот на вчерашниот ден и ноќта, информираат од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес. Пожарите биле на различни локации, а во гасењето покрај пожарникарите учествувале и жители, локалната самоуправа и доброволци.

    Синоќа во 22:30 часот, во ТППЕ Велес била примена дојава за запалена шума на ридот меѓу селата Сопот и С’лп. Екипа со едно противпожарно возило и двајца пожарникари веднаш се упатила на терен.

    Пожарот бил ставен под контрола, но еден крак и натаму гори поради непристапниот и тежок терен, што го отежнува гасењето.

    Претходно, вчера во 17:02 часот, пожар избувнал кај железничката станица во Богомила, каде што се запалила сува трева, а огнот зафатил и складирани железнички прагови и бандери покрај пругата.

    На терен излегле две противпожарни возила со четворица пожарникари. Во гасењето учествувале и жители на Богомила, вработени од Општина Чашка, екипи на ЈПКД „Тополка“, како и доброволци од здружението „Бабуна“.

    Со брзата интервенција пожарот бил локализиран и било спречено негово проширување кон објектите. Од Општина Чашка информирале дека во пожарот биле изгорени треверци на самата пруга кај Богомила.

    Од Железничката станица во Велес информираат дека и покрај пожарот, возовите на релацијата Скопје – Велес – Богомила – Битола и обратно сообраќале и синоќа и денеска. 

    Вчера во 10:15 часот била пријавена и запалена сува трева меѓу селата Бузалково и Сливник. ТППЕ Велес интервенирала со едно противпожарно возило и четворица пожарникари-спасители.

    Пожарот зафатил околу два хектари трева и грмушки, но со помош на жители од Бузалково и Сливник, кои учествувале со луѓе и механизација, бил брзо ставен под контрола и целосно изгаснат.

    Од ТППЕ Велес апелираат граѓаните да бидат внимателни и да не предизвикуваат пожари. Доколку забележат пожар, веднаш да го пријават на бесплатните телефонски броеви 193 или 112. 

    Прочитај повеќе

    Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата

    14.08.2026 во 16:07

    Ангелов: Подомаќински во иднина со водата, а истрагата да открие кој е виновен за загадувањето

    14.08.2026 во 15:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.