Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва спроведува трета вонредна акција за дезинсекција.
„Третманот ќе го опфати подрачјето на населбата и селото Драчево, со цел заштита на граѓаните и спречување на масовно размножување на комарците.
Прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 до 24:00 часот, при што со специјализирано возило ќе се дејствува против возрасните комарци. Оваа трета вонредна интервенција се надоврзува на досегашните активности кои започнаа кон крајот на минатиот месец со првото прскање, кое исто така беше насочено кон возрасните инсекти. Континуитетот продолжи пред два дена со втората акција, кога екипите на терен вршеа уништување на ларвите со соодветен ларвицид во каналите и влажните места. Уште еднаш ги потсетуваме пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на своите пчелни семејства поради вечерашните активности.
Истовремено, за акцијата да се реализира безбедно и ефикасно, ги замолуваме граѓаните во наведениот временски период, доколку се во можност, да ги држат затворени прозорците и вратите од своите домови“, соопштија од Општина Кисела Вода.
- Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
- Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
- Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
- Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
- Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
- Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
- Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
- Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки

