Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МВР со засилени контроли: „Гледајте го патот, телефонот оставете го за подоцна”
    • Вреди: Теарце доби јавна градинка, Куманово наскоро добива ново училиште
    • Пријателите раскажаа низ каква голгота поминал Никола – Зад себе остави син, животот му бил тежок уште од детството
    • Светска банка со нова прогноза: Економски раст од 3,2% за Македонија
    • Сиљановска-Давкова со „Јас сум жена“: Во фокус поддршката за жените во бизнисот
    • Конче со нови инвестиции: Подобрена инфраструктура и услуги за граѓаните
    • Вакцините против грип доцнат: Министерството очекува да пристигнат овој месец
    • Подгответе се: Стрелките на часовникот се враќаат еден час назад
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Денес се празнуваат Светите седум маченици Макавеи

    Денес се празнуваат Светите седум маченици Макавеи

    14.08.2026 во 11:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Светите седум маченици Макавеи, со кој официјално започнуваат Богородичните пости.

    Според црковното предание, празникот е посветен на браќата Авим, Антонин, Гуриј, Елеазар, Евсевон, Алим и Маркел, нивната мајка Соломонија и свештеникот Елеазар, кои пострадале со маченичка смрт околу 180 години пред Христа за зачувување на верата под притисок на сирискиот цар Антиох.

    Во македонската народна традиција овој ден се смета за голем и тежок празник во кој не се работи и за кој се врзани низа верувања и обичаи.

    Според народните верувања, во овие денови се предвидува какво ќе биде времето во текот на наредните шест месеци или за целата година, каде што еден ден одговара на еден месец.

    Етнографските записи забележуваат дека од овој ден времето почнува да се завртува кон зима, а птиците преселници започнуваат да се подготвуваат за заминување во потоплите краишта.

    Во зборникот на браќата Миладиновци е забележано народното верување за овие денови:

    „Првите дванаесет дни од Августа се викает Моринки. Тие дни жените не работает, ни перат, ни деца к’пат. На тие дни гатает за доброто или лошото време за цела година; ако на пр. првиот ден од Августа чинит горештина, коложек (јанвар) ќе бидит студен, и напротив; ако на вториот правит добро време, на сечка (феврал) ке чинит лошо; и така за другите.“

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Ќерката на Цеца го покажа синчето – „Бесоните ноќи се тешки, но и посебни”

    06.10.2026 во 09:06

    Денес ништо нема да биде случајно: Хороскоп за 6 октомври

    06.10.2026 во 08:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.