Close Menu
Press24
    Најново

    Драма на Халкидики: Околу 500 луѓе евакуирани по морски пат од Сивири, огнот зафати домови и возила

    14.08.2026 во 10:29

    Херојски потег во Пелагонија: Александар со трактор влегол директно во огнот за да ги спаси селата од пожарот

    14.08.2026 во 10:18

    Метео предупредување од УХМР: Силно невреме доаѓа кон Македонија

    14.08.2026 во 10:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Драма на Халкидики: Околу 500 луѓе евакуирани по морски пат од Сивири, огнот зафати домови и возила
    • Херојски потег во Пелагонија: Александар со трактор влегол директно во огнот за да ги спаси селата од пожарот
    • Метео предупредување од УХМР: Силно невреме доаѓа кон Македонија
    • Оштетена турбина го скршила прозорецот на авионот на „Рајанер“: Нови детали за драматичниот инцидент во кој настрада српски државјанин
    • НАТО собори дрон во воздушниот простор на Латвија
    • Важно за сите кои патуваат во Грција: Се воведуваат забрани, казни од 300 евра за тие што нема да ги почитуваат мерките
    • Скопјанец нападнат, па му го уништиле и возилото – Еден во домашен притвор, МВР трага по другите насилници
    • Пожарите во Хрватска ги празнат домовите: Над илјада луѓе ноќта ја минаа во прифатен центар во Омиш
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Драма на Халкидики: Околу 500 луѓе евакуирани по морски пат од Сивири, огнот зафати домови и возила

    Драма на Халкидики: Околу 500 луѓе евакуирани по морски пат од Сивири, огнот зафати домови и возила

    14.08.2026 во 10:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Состојбата со пожарот на Халкидики синоќа беше делумно подобрена, а 481 лице беа евакуирани по морски пат, информираше директорот за стратешко планирање и комуникации во Противпожарната служба на Грција, Василис Ватракојанис.

    Огнената стихија зад себе остави изгорена шумска површина, а зафати домови и возила, при што полесно беа повредени двајца пожарникари.

    На терен интервенираа 227 пожарникари со 13 пешадиски тима и 57 возила, вклучувајќи и екипи од Молдавија преку Европскиот механизам за цивилна заштита, додека до заоѓањето на сонцето од воздух дејствуваа девет авиони и седум хеликоптери.

    Преку организирана акција со патролни бродови, рибарски чамци и траект, од плажата во Сивири 285 лица беа пренесени во марината во Сани, додека 196 лица со траектот „Спидранер“ беа префрлени во Солун.

    Сивири е целосно евакуирано, сообраќајот во регионот е во прекин, а враќањето на жителите и туристите сè уште не е дозволено.

    Преку бројот 112 беа испратени четири пораки за предупредување, од кои три за итна евакуација на Сивири и Фурка.

    За погодените лица е активирана специјална платформа од Министерството за туризам за привремено сместување: https://emergencyhotels.civilprotection.gr/Application/NewAppl?evId=e23298e4-7178-4666-891b-20066ab5416a

    Во регионот се распоредени шест амбулантни возила и медицински тимови, додека македонското Министерство за надворешни работи соопшти дека ја следи состојбата преку Конзулатот во Солун.

    „За дополнителни информации и итна помош, на располагање се дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk, како и дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Северна Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001“ – наведоа од МНРиНТ.

    Од Министерството апелираат до македонските државјани во засегнатите подрачја да ги почитуваат насоките на локалните власти.

    Прочитај повеќе

    Оштетена турбина го скршила прозорецот на авионот на „Рајанер“: Нови детали за драматичниот инцидент во кој настрада српски државјанин

    14.08.2026 во 10:11

    НАТО собори дрон во воздушниот простор на Латвија

    14.08.2026 во 09:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.