Close Menu
Press24
    Најново

    Марков: ВМРО-ДПМНЕ го гради здравството што граѓаните го заслужуваат

    12.08.2026 во 13:47

    Стојаноски: Резултатите покажуваат дека Македонија се движи напред

    12.08.2026 во 13:38

    Ужас ја потресе Македонија: Татко и син се обиделе да силуваат 33-годишна жена

    12.08.2026 во 13:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Марков: ВМРО-ДПМНЕ го гради здравството што граѓаните го заслужуваат
    • Стојаноски: Резултатите покажуваат дека Македонија се движи напред
    • Ужас ја потресе Македонија: Татко и син се обиделе да силуваат 33-годишна жена
    • Андоновски: Обвинителството да истражи зошто Филипче и Младеновска молчеле за извештаите за водата во Гостивар
    • Манасиевски: СДСМ креира инциденти за да привлече внимание, лицата од Ново Село веднаш беа разоткриени
    • МВР: За два дена санкционирани 1.322 сообраќајни прекршоци, уапсени 32 возачи
    • Николоски на средба со „Корендон“: Македонија има голем потенцијал за нови авиолинии и инвестиции во туризмот
    • Судење за пожарот во „Пулс“: Дискотеката работела спротивно на ДУП, објектот бил наменет за лесна индустрија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Марков: ВМРО-ДПМНЕ го гради здравството што граѓаните го заслужуваат

    Марков: ВМРО-ДПМНЕ го гради здравството што граѓаните го заслужуваат

    12.08.2026 во 13:474 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Марков, на денешната прес-конференција ги презентираше реализираните проекти и најавените капитални инвестиции во македонскиот здравствен сектор.

    Според Марков, во изминатите две години е започнат процес на системска реконструкција на болничките капацитети, набавка на нова опрема и подобрување на условите за пациентите и медицинскиот кадар.

    „Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека со политичка волја, одговорност и домаќинско работење резултатите не изостануваат. За само две години започнавме процес на вистинска обнува на македонското здравство, сектор кој со години беше оставен во лоша состојба со застарена инфраструктура, недоволна опрема и нерешени проблеми. Денес зборуваме за реализирани проекти и конкретни инвестиции кои значат подобри услови за лекување на граѓаните и за работа на здравствените работници“, изјави Марков.

    Тој ги наведе конкретните реконструкции во ГОБ „8-ми Септември“, Клиниката за трауматологија „Св. Наум Охридски“ и операционите сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, најавувајќи и пуштање на дополнителни сали.

    „За таа цел целосно се реконструирани оперативниот блок, интензивната нега, патологија, клиничката лабораторија и кровната конструкција на болницата „8-ми Септември“. По повеќе од половина век целосно е реконструирано и пуштено во употреба одделението за трауматологија во Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“, а реконструирани се и шест современи операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Додека во наредниот период ќе бидат пуштени во употреба уште четири нови сали. Ова е почеток на системска модернизација на здравствената инфраструктура“, посочи пратеникот.

    Во однос на итната помош и опремувањето на болниците, Марков истакна дека е во тек набавка на 100 нови амбулантни возила, како и инвестиции на Клиниката за гинекологија и во Клиничката болница во Битола, каде се реализирани и 61 ново вработување.

    „Истовремено започнавме една од најголемите набавки во здравството, 100 нови амбулантни возила со современа медицинска опрема. Тие ќе бидат распределени низ целата држава. Со ова значително ќе се подобри итната медицинска помош, ќе се обезбеди побрз транспорт за пациентите и поквалитетна здравствена услуга, особено во руралните и помалите општини. Паралелно инвестираме и во современа медицинска опрема. Во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство се вложени околу 110 милиони денари, од кои 35 милиони денари за реконструкција и 75 милиони денари за нова медицинска опрема. Во Клиничката болница Битола по повеќе од две децении се заменува застарената медицинска опрема со нови современи апарати во вредност од над 30 милиони денари. Набавени се нов ендоскоп, апарат за операции на катаракта, декса апарат, современа уролошка и офталмолошка опрема, како и нови дигитални системи кои овозможуваат побрза и попрецизна дијагностика. Покрај инвестициите во опрема, во Битола се реализирани и 61 ново вработување на неопределено време, затоа што модерното здравство не се гради само со објекти и со апарати, туку и со мотивиран и стручен медицински кадар“, потенцираше тој.

    Како клучни капитални инвестиции, Марков ги издвои изградбата на новата болница во Кичево и клиничкиот комплекс во Штип.

    „Во Кичево започнува проектот за изградба на нова современа болница вреден околу 22,5 милиони евра, кој ќе обезбеди поквалитетни здравствени услуги за целиот регион. Во Штип започнуваме реализација на еден од најголемите здравствени проекти во државата, вреден 109 милиони евра. Новата клиничка болница нема да биде само болница, туку современ здравствено-образовен комплекс со медицински факултет, студентски дом и најсовремена медицинска инфраструктура. Со тоа ќе се создадат услови за подобро лекување, едукација на нови лекари и задржување на стручниот кадар во источниот регион“, изјави пратеникот.

    Тој го заврши обраќањето со порака дека инвестициите во јавното здравство продолжуваат.

    „Почитувани, За ВМРО-ДПМНЕ здравството е сектор во кој резултатите се мерат преку подобри услови за пациентите, модерни болници, современа опрема и достоинствени услови за работа на медицинските работници. Затоа продолжуваме со инвестиции, со реформи и со конкретни проекти. Продолжуваме да го јакнеме јавното здравство затоа што секој граѓанин заслужува навремена, квалитетна и достапна здравствена заштита“, заклучи Марков.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Резултатите покажуваат дека Македонија се движи напред

    12.08.2026 во 13:38

    Андоновски: Обвинителството да истражи зошто Филипче и Младеновска молчеле за извештаите за водата во Гостивар

    12.08.2026 во 13:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.