Close Menu
Press24
    Најново

    Андоновски: Обвинителството да истражи зошто Филипче и Младеновска молчеле за извештаите за водата во Гостивар

    12.08.2026 во 13:17

    Манасиевски: СДСМ креира инциденти за да привлече внимание, лицата од Ново Село веднаш беа разоткриени

    12.08.2026 во 13:14

    МВР: За два дена санкционирани 1.322 сообраќајни прекршоци, уапсени 32 возачи

    12.08.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Андоновски: Обвинителството да истражи зошто Филипче и Младеновска молчеле за извештаите за водата во Гостивар
    • Манасиевски: СДСМ креира инциденти за да привлече внимание, лицата од Ново Село веднаш беа разоткриени
    • МВР: За два дена санкционирани 1.322 сообраќајни прекршоци, уапсени 32 возачи
    • Николоски на средба со „Корендон“: Македонија има голем потенцијал за нови авиолинии и инвестиции во туризмот
    • Судење за пожарот во „Пулс“: Дискотеката работела спротивно на ДУП, објектот бил наменет за лесна индустрија
    • Сиљановска-Давкова помилува 25 осуденици за Илинден
    • Прогласена епидемија од западнонилска треска во четири скопски општини
    • Почина пациент со дијагностицирана западнонилска треска
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски: Обвинителството да истражи зошто Филипче и Младеновска молчеле за извештаите за водата во Гостивар

    Андоновски: Обвинителството да истражи зошто Филипче и Младеновска молчеле за извештаите за водата во Гостивар

    12.08.2026 во 13:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар, Мартин Андоновски, на денешната прес-конференција го повика Јавното обвинителство да ги истражи документите и извештаите за квалитетот на водата за пиење во Гостивар од периодот кога СДСМ беше на власт.

    Според Андоновски, тогашното раководство и надлежните функционери не преземале ништо и покрај постоењето на бројни документи што укажувале на неисправност на водата.

    „СДС и актуелното раководство се последни кои можат да зборуваат и критикуваат за ситуацијата во Гостивар со водата. А зошто, бидејќи за периодот додека биле на власт има извештаи кои јасно укажуваат дека водата во Гостивар не била со соодветен квалитет“, изјави Андоновски.

    Тој директно ги посочи поранешниот министер за здравство Венко Филипче и тогашната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Рената Младеновска.

    „Во тој период, актуелното раководство на СДС како Венко Филипче и Рената Младеновска молчеле. Филипче како министер за здравство и Рената Младеновска како директор на Државниот инспекторат за санитарен и здравствен инспекторат не мрднале ни со прст по ниту еден извештај за неисправноста на водата во Гостивар. Молчеле што укажува дека се грижеле за функциите, власта и интересите на мала група на луѓе од власта. Филипче и Младеновска замислете уста не отвориле за околу 400 документи кои укажувале дека водата во Гостивар не била со соодветен квалитет“, рече Андоновски.

    За разлика од претходниот период, претседателот на општинскиот комитет нагласи дека сегашните институции реагирале брзо за да се реши проблемот.

    „За разлика од нив, од оние седум години владеење на СДС, сега Владата и сите надлежни институции реагираа веднаш, по што за само една недела граѓаните на Гостивар добија технички исправна вода. Во меѓувреме, секојдневно се работи на тоа граѓаните на Гостивар да добијат и флаширана вода за пиење додека се санира ситуацијата и водата не ги добие сите соодветни карактеристики што ќе укажат дека е и за пиење“, посочи тој.

    Андоновски заклучи дека правосудните органи мора да го испитаат случајот поради далечинските последици врз здравјето на граѓаните.

    „Сега останува само надлежните институции од правосудството да реагираат, поточно јавното обвинителство, да ги истражи документите од тој период бидејќи последиците се далекусежни“, изјави Андоновски.

    Прочитај повеќе

    Манасиевски: СДСМ креира инциденти за да привлече внимание, лицата од Ново Село веднаш беа разоткриени

    12.08.2026 во 13:14

    Николоски на средба со „Корендон“: Македонија има голем потенцијал за нови авиолинии и инвестиции во туризмот

    12.08.2026 во 12:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.