Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Штерјова: Во Гостивар има и нови и реинфицирани случаи, одговорност мора да има

    Штерјова: Во Гостивар има и нови и реинфицирани случаи, одговорност мора да има

    12.08.2026 во 11:382 Mins Read
    ФОТО: СДСМ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Додека граѓаните пет недели чекаат чиста вода, во Гостивар се регистрирани нови, но и случаи на реинфицирани граѓани со што здравствената криза не стивнува, обвинија денеска од опозициската СДСМ на прес-конференција.

    Според Кети Штерјова од СДСМ, ова е сериозен аларм дека изворот на труењето сè уште не е ставен под контрола, а граѓаните во среде лето остануваат без безбедна вода за пиење.

    „Уште поалармантно е што според информациите кои стигнаа до нас, има случаи на реинфицирани граѓани – луѓе кои повторно се затруени и заболени. Ова е сериозен аларм дека ризикот не е отстранет и дека изворот на труењето се уште не е ставен под контрола. Пет недели Гостивар е отруен. Пет недели граѓаните немаат безбедна вода за пиење во среде лето со пеколни температури. Пет недели Клековски и Мицкоски даваат различни изјави и ветувања дека проблемот е пред решение и пет недели немаат решение. Си играат со здравјето на жителите на Гостивар, додека 5.000 граѓани се отруени“, изјави Штерјова.

    Од партијата посочуваат дека институциите криеле информации за квалитетот на водата и дека никогаш не биле објавени официјални извештаи кои го одобриле нејзиното користење како техничка вода.

    „Се криеја информации за водата и никогаш не се објави анализа или извештај, кој одобрил водата да се користи како техничка иако власта потврди дека во водата има бактерии, не една туку повеќе. Пет недели нема одговорност ниту од министерот за здравство Клековски, ниту од институциите кои потфрлија во заштитата на здравјето на граѓаните. До 20-ти август за кога Клековски најави дека ќе бидат готови резултатите од анализите, опасноста од нови и реинфицирани случаи е присутна. Јасно е дека на Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ не може да им се верува – нивниот збор повеќе ништо не значи“, истакна Штерјова.

    Таа додаде дека задоцнетата реакција на власта довелa до ескалација на состојбата на терен.

    „Дозволија кризата да ескалира, бидејќи задоцнија во секој чекор – од прогласување на епидемијата до преземање мерки. Дозволија да има и нови случаи на затруени граѓани и реинфицирани поради неспособност. Ова што Владата на Мицкоски им го прави на граѓаните и на Гостивар и на целата држава е директно загрозување на нивното здравје и основно право на чиста и безбедна вода за пиење. Јавното обвинителство до кога ќе молчи? СДСМ нема да дозволи ова да се заташка. Одговорност за труењето на цел еден град мора да има – и политичка и кривична“, заклучи Штерјова.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.